Големата награда на Бахреин се одржува од 2004 година, а од 2014 година кога ја прославија својата јубилејна 10 трка, организаторите се решија за старт во 18:00 часот по локално време, т.е. се стартува на зајдисонце, за да се заврши во целосна темница, слично на трката во Абу Даби.
Шахир е модерна патека направена по највисоки стандарди, како и сите останати азиски патеки, кои се финансирани од моќните шеици. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, а најголем проблем е пустинската прашина која го намалува нивото на грип. Се карактеризира со четири долги правци, комбинирани со тесни и бавни свиоци. Амбиентална температура може да достигне до 45°C, што го прави ладењето на ПЕ како најголем приоритет. Миксот на бавни кривини на крајот од долгите правци значи дека тоа е една од најтешките патеки за сопирачките во целата сезона.
Се разбира, за време на трката ќе имаме пониски температури, кои сепак се над 30°C во 20:00 часот т.е. кога ќе завршува трката. Шакир е патека која најмногу ги истакнува перформансите на погонската единица, како V6 моторот, така и хибридниот дел. Сепак, не треба да заборавиме дека брзина на правците директно зависи и од нивото на аеродинамична потисна сила. Значи од витална важност ќе биде да се погоди вистинското подесување на болидот, за да се извади неговиот максимум од силата на ПЕ и аеро придобивките.
Знаеме дека гумите имаат значително влијание на поредокот, со оглед дека и неколку степени разлика во температурите може да влијаат на балансот на новите погонските единици. Пирели за оваа сезона ги носи супер-меки, меки и медиум смешите, од кои еден сет на гуми од меките и медиум мора да се искористат во трката.
Бахреин ГП нема да биде лесна трка за Ф1 тимовите, но Мерцедес АМГ пристигнува полн со самодоверба и оптимизам за повторување на успехот од минатата трка. Мерцедес АМГ повторно изгледа конкуренет, а единствен кој можеби ќе ги помеша нивните сметки според сите е Ферари.
НАЈАВА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БАХРЕИН
3/31/2016 11:10:00 AM
0
Share to other apps




