Луис Хамилтон беше за 0.241 секунди побавен со второто најбрзо време, а останатите беа светлосни години побавни. Џенсон Батон со Мекларен беше изненадувањето на денот, позиционирајќи се како најблизок ривал на Сребрените стрели, но со заостанување од "само" 1.280 секунди.
Во тимот на Мерцедес АМГ веруваат дека имаат докази дека Ферари ја штитат неиздржливоста на својата ПЕ со ограничување на максималната сила колку што е можно повеќе време.
Според Ветел пак, болидите на Мерцедес АМГ се тие ја имаат предноста, но се надева дека може да им се приближат повеќе од тоа што денешните времиња го покажуваат.
Најновите шпекулации се дека Италијанците имаат проблем со турбото, па на правците не може да ја користат целата моќност на ПЕ. Решение не може да се најде пред трката во Шпанија.
Третата позиција на Батон е малку веројатно да се повтори во саботните квалификации, но тоа е уште еден доказ дека Мекларен и Хонда прават значаен напредок по катастрофалната 2015 година. Тркачкото темпо на Батон беше релативно охрабрувачки со сигурен пласман во бодови.
Дека се се одвива како што посакуваат на оваа трка забележуваме и по времето на неговиот нов тимски колега, кој има заостанување од само 0.7 секунди. Штофел Вандорн, по националност Белгиец, во Бахреин допатувал во текот на ноќта од Јапонија и го нема пробано 2016 болидот до почетокот на првиот тренинг.
Останатите тимови според очекуваното, а средината на поредокот изгледа многу збиено и е многу тешко да се прогнозира кој каде е во овој момент.
Во меѓувреме Ф1 полека но сигурно се повеќе тоне кон дното. Најново е дека Луис Хамилтон добил забрана за постирање видеа, од Ф1 падокот, на социјалните мрежи бидејќи тоа не било во согласнот со ФОМ.
Утрешните Квалификации се закажани за 17:00 часот по македонско време.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГА |
| 1 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:31.001 | 38 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:31.242 | + 0.241 | 32 |
| 3 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:32.281 | + 1.280 | 32 |
| 4 | Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:32.406 | + 1.405 | 31 |
| 5 | Кими Раиконен | Ферари | 1:32.452 | + 1.451 | 38 |
| 6 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:32.650 | + 1.649 | 26 |
| 7 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:32.703 | + 1.702 | 34 |
| 8 | Валтери Ботас | Вилијамс | 1:32.792 | + 1.791 | 39 |
| 9 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:32.870 | + 1.869 | 23 |
| 10 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:32.873 | + 1.872 | 36 |
| 11 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:32.999 | + 1.998 | 30 |
| 12 | Естебан Гутиерез | Хас | 1:33.129 | + 2.128 | 31 |
| 13 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:33.177 | + 2.176 | 36 |
| 14 | Роман Грожан | Хас | 1:33.384 | + 2.383 | 23 |
| 15 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:33.406 | + 2.405 | 35 |
| 16 | Кевин Магнусен | Рено | 1:33.447 | + 2.446 | 34 |
| 17 | Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:33.570 | + 2.569 | 37 |
| 18 | Џолион Палмер | Рено | 1:33.640 | + 2.639 | 35 |
| 19 | Паскал Верлајн | Манор | 1:33.953 | + 2.925 | 21 |
| 20 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:34.224 | + 3.223 | 31 |
| 21 | Фелипе Наср | Заубер | 1:34.477 | + 3.476 | 34 |
| 22 | Рио Харјанто | Манор | 1:34.562 | + 3.561 | 33 |
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.325
* 2015: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.647
