Трката започна во крајно влажни услови, зад безбедносното возило, за да по седум круга биде прогласена за доволно сува за тоа да се повлече. По рестартот, Даниел Рикиардо, кој ја имаше Пол позицијата, успеа да се задржи пред второпласираниот Нико Розберг и негвиот тимски колега, Луис Хамилтон, на трето место. Веднаш се виде дека Розберг има проблеми со својот болид, па Британецот со сите сили се нафрли да го претекне. Австралијанецот правеше солидна разлика на водечката позиција.
Во меѓувреме, Џолион Палмер со болидот на Рено ја заврши трката, кога изгуби контрола врз болидоти заврши во бариерите покрај St. Devote свиокот. Неколку минути подоцна, Кими Раиконен, исто така со болидот на Ферари имаше блиска средба со бариерите. Финецот го загуби предното крило, се обиде да се врати до својата гаража, но не успеа, па мораше да се откаже и да ја заврши трката.
Напред, Рикиардо ја зголеми предноста на 7.8 секунди пред Розберг. На останатиот дел од поредокот, Макс Ферстапен, во вториот Ред Бул, по стартот од пит линијата се пробиваше кон врвот и веќе во десеттиот круг тој беше на 12-тото место.
Патеката почна забрзано да се суши и наскоро многу од возачите започнаа да се префрлаат на интермедиа гумите. Ферстапен и Ветел беа помеѓу првите кои ги сменија своите гуми, но водечките болиди, кога видоа дека времињата по круг се слични се одлучија да останат на гумите за дожд.
Во овие моменти од трката од тимот на Мерцедес се одлучија да го ослободат патот на Хамилтон, па Розберг го пропушти својот тимски колега напред во 15-от круг. Хамилтон ведна тргна во потера на Рикиардо и разликата помеѓу нив двајцата започна да се намалува, а изнесуваше околу 12 секунди.
Во меѓувреме повторно инциденти. Данил Квјат направи непромислен обид за претекнување на Кевин Магнусен и тие се судрија. Русинот ја заврши трката веднаш, а Магнусен издржа до 32 круг, кога и тој, исто така, мораше да се повлече надвор од трката.
Рикиардо се одлучи за нови интермедиа гуми во 23-от круг, што го донесе Хамилтон на првото место, сеуште возејќи на гуми за дожд, во очекување на доволно сува патека. Но, асфалтот не се сушеше со очекуваното темпо, па влезе во бокс дури во 31-от круг, кога на неговиот болид беа монтирани ултра-меките гуми на Пирели. Рикиардо повторно беше во водство, но се знаеше дека ќе мора уште една во бокс по гуми за суво време.
За тоа се реши веќе во следниот круг, но кога стигна во боксот неговите механичари не беа подготвени за промена на гуми. Неговиот рутински пит-стоп се претвори во ноќна мора, и кога излезе на патеката Хамилтон за малку заврши пред него на првото место.
Подолу во поредокот, Ферстапен во 33-от круг стигна до деветтото место зад Карлос Саинц ЈР. со Торо Росо. Но, како и во квалификациите, големата самодоверба на младиот Холанѓанец повторно резултираше со погрешна проценка за точката на сопирање точка и заврши во бариерите. Во меѓувреме и тимските колеги од Заубер, Маркус и Фелипе Наср успеаа мешусебно да се судрат и ја завршат трката.
Луис Хамилтон беше возачот кој ја контролира трката и водечката позиција. Рикиардо имаше бројни обиди да нападне и во еден момент речиси ќе успееше да го помине кога Хамилтон направи грешка на влез во шиканата Nouvelle, но шампионот остро блокираше и ја пресече истата, што доведе до нервозно мавтање со раката од очигледно фрустрираниот до максимум Рикиардо. Тој потег доведе и до приговор на Ред Бул до стјуардите, но Хамилтон беше ослободен од било каква вина. Тоа беше и последниот негов обид за претекнување, бидејќи возењето зад Хамилтон ги уништи неговите гуми.
На крај заврши седум секунди зад Хамилтон, кој ја забележа првата Победа во 2016 сезоната и само својата само втора победа во Монако. Зад нив Перез уживаше во одличната за него трка. По стартот од 7-та позиција, тој се искачи на петтото место до 15 круг, а потоа, кога се префли на меките гуми во 30-от круг, потег кој му го донесе третото место.
Ветел беше на слична стратегија и тој се одлучи за меки гуми кога дојде времето за гуми за суво, изборот изгледаше добар и во еден момент тој беше најбрзиот возач на патеката. За брзо време успеа да го стигне Мексиканецот, но претекнувањето е друга приказна, а во Монте Карло и речиси невозможно, па финишт го дочека на четвртото место.
Петтото место му припадна на Фернандо Алонсо, а несреќни трка на Розберг беше потврдена во последниот круг, кога тој беше претекнат за шестото место на стартно целниот правец од страна на Нико Хулкенберг. Карлос Саинц ЈР. заврши на осмото место, пред Џенсон Батон од Мекларен и Вилијамсот на Фелипе Маса.
Голема Награда на Монако, Монте Карло
78 круга, 260.286км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч59:29.133
2. Даниел Рикардо Ред Бул + 7.252
3. Серџо Перез Форс Индија + 13.825
4. Себастијан Ветел Ферари + 15.846
5. Фернандо Алонсо Мекларен + 1:25.076
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:32.999
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:33.290
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
9. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
10. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
11. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
12. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
13. Роман Грожан Хас + 2 круга
14. Паскал Верлајн Манор + 2 круга
15. Рио Харјанто Манор + 4 круга
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:27.661
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:18.420
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:17.939
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Маркус Ериксон Заубер
Фелипе Наср Заубер
Макс Ферстапен Ред Бул
Кевин Магнусен Рено
Данил Квјат Торо Росо
Кими Раиконен Ферари
Џолион Палмер Рено
Генерален пласман по 6 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 106 1. Мерцедес АМГ 188
2. Луис Хамилтон 82 2. Ферари 121
3. Даниел Рикиардо 66 3. Ред Бул 112
4. Кими Раиконен 61 4. Вилијамс 66
5. Себастијан Ветел 60 5. Форс Индија 37
6. Макс Ферстапен 38 6. Торо Росо 30
7. Фелипе Маса 37 7. Мекларен 24
8. Валтери Ботас 29 8. Хас 22
9. Серџо Перез 23 9. Рено 6
10. Данил Квјат 22
11. Роман Грожан 22
12. Фернандо Алонсо 18
13. Карлос Саинц ЈР. 16
14. Нико Хулкенберг 14
15. Кевин Магнусен 6
16. Џенсон Батон 5
17. Штофел Вандорн 1

