Првиот брз круг на Хамилтон во финалната Q3 сесија не беше перфектен поради големото блокирање на тркалата при влез во 10-от свиок, со што му овозможи на својот тимски колега да го постави првичното најбрзо време од 1:22.475, кое што требаше да биде победено.
Неговата грешка ја искористи и новакот во болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен, за второ најбрзо време во тој момент. Зад Хамилтон по првите брзи кругови беа Себастијан Ветел, Кими Раиконен и Даниел Рикиардо.
Австралијанецот беше принуден да направи екстра излегување на патеката кон крајот на Q2 сесијата бидејќи беше во опасност за испаѓање, а тоа го остави со само еден сет на нови меки гуми за последната сесија. Сепак, и тој беше доволен за поставување на супер брзо време за третата стартна позиција зад Мерцедес АМГ.
Воедно тој беше единствениот возач кој заедно со возачите на Мерцедес АМГ успеа да забележи време под 1:23. Ферстапен по одличниот прв брз круг, повторно имаше подобрување, но тоа не беше доволно за да го победи својот тимски колега, но денешниот негов настап на Квалификациите беше доволно добар за да остави силна порака во светот на Формула 1, дека не очекува интересна тимска битка за остатокот од оваа сезона.
Добрата вест за Ред Бул е што ниту еден возач на Ферари не можеше да ги победи нивните времиња. Кими Раиконен го имаше најбрзиот круг за италијанскиот тим, но му фалеа две стотинки да го помине 18-годишниот Холанѓанец. Финецот ќе стартува од третиот ред заедно со својот тимски колега Себастијан Ветел.
Зад нив, Валтери Ботас беше седми за Вилијамс, додека Карлос Саинц ЈР. го имаше осмото најбрзо време за Торо Росо. Тоа беше солиден резултат за Шпанецот пред неговата домашна публика, воедно победувајќи го новиот тимски колега, Данил Квјат. Русинот беше елиминиран во Q2 сесијата и ќе ја стартува трката од тринаесеттата позиција.
Фернандо Алонсо, исто така, пред домашната публика имаше добар настап за тимот на Мекларен и за прв пат оваа сезона успеа да се пласира во Најбрзите 10 возачи. Го имаше најбавното време во Q3, зад 9-то пласираниот болид на Форс Индија со Серџо Перез зад воланот, но овој резултат ќе биде огромен поттик за Мекларен и Хонда.
Најголем малер на денот беше Фелипе Маса, кој во Q1 сесијата постави време, кое на крајот се покажа како не доволно добро за проаѓање напред, па така тој беше принуден да го преседи остатокот од Квалификациите во својата гаража.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:22.000
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.280 + 0.280
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:22.680 + 0.680
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:23.087 + 1.087
5. Кими Раиконен Ферари 1:23.115 + 1.115
6. Себастијан Ветел Ферари 1:23.334 + 1.334
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.522 + 1.522
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:23.643 + 1.643
9. Серџо Перез Форс Индија 1:23.782 + 1.782
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:23.981 + 1.981
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:22.159
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:24.203 + 2.044
12. Џенсон Батон Мекларен 1:24.348 + 2.189
13. Данил Квјат Торо Росо 1:24.445 + 2.286
14. Ромен Грожан Хас 1:24.480 + 2.321
15. Кевин Магнусен Рено 1:24.625 + 2.465
16. Естебан Гутиерез Хас 1:24.778 + 2.619
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:23.002
17. Џолион Палмер Рено 1:24.903 + 1.901
18. Фелипе Маса Вилијамс 1:24.941 + 1.939
19. Маркус Ериксон Заубер 1:25.202 + 2.200
20. Фелипе Наср Заубер 1:25.579 + 2.577
21. Паскал Верлајн Манор 1:25.745 + 2.743
22. Рио Харјанто Манор 1:25.939 + 2.937
107% време: 1:28.812
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.232
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:24.681

