Кими Раиконен се смееше на разликата во години помеѓу него и Макс Ферстапен, 18-годишниот Холанѓанец кој не му дозволи да дојде до нова победа во својата кариера. Последниот стинт на трката во Барселона ни донесе борба помеѓу најмладиот и најстариот возач во шампионатот, кои се бореа за првото место, до самиот финиш на трката. Ферстапен имал само три години кога Раиконен, сега 36, го имаше своето деби во Формула 1 во 2001 година, кога и се натпреваруваше со неговиот татко Џос Ферстапен, кој се натпреваруваше за тимот на Ероус.
По завршувањето на трката Раиконен го пофали Макс за неговото достигнување, но не можеше да се воздржи и од коментар за разликата во години.
"Разочарувачки е што не победивме, но, по лошиот старт ќе се задоволам и со второто место, а нашиот тим забележа доста добри поени со двата болиди. Одиме напред, не е она што го посакувавме, но јас сум среќен за Макс. Ние сите знаеме дека е добар возач и тој е во добар тим сега. Кога станува збор за најмладиот и најстариот, тоа е реалноста. Јас се натпреварував против неговиот татко. [Се смее] Тоа, всушност, звучи дури и пострашно. Во Ф1 така одат работите."
Потоа следуваше интересна конверзација помеѓу Макс, Раиконен и Ветел, човекот чиј рекорд го собори, со што стана најмладиот победник во Формула 1.
Макс: (кон Ветел) "Кога беше твојата Победа? 2008? Монца? Тогаш најверојатно јас се натпреварував во картинг, да, некаде, се забавував... (кон Раиконен) Твојата?"
Раиконен: "2003."
Макс: "Јас сум имал шест години, па не можам да се сетам, не знам..."
Ветел: (Се смее) "Веројатно те земале од градинка!"
Макс: "Да, веројатно... :) "
КИМИ РАИКОНЕН: РАЗЛИКАТА ВО ГОДИНИ Е ЗАСТРАШУВАЧКА
5/16/2016 12:01:00 PM
0
Share to other apps

