Макс Ферстапен: "Ова е многу посебно чувство. Се разбира дека не очекував да победам, по судирот на возачите на Мерцедес АМГ, бев фокусиран на пласман на подиумот, но на крајот да се биде на врвот, тоа е неверојатно. Кога ја слушав Холандската национална химна за прв пат во Формула 1, јас размислував за татко ми и слушнав дека тој плачел, така да ова е неверојатно."
"Тој инвестираше многу време во мене и ова достигнување е, исто така, благодарение и на него. Не бев нервозен во текот на трката, јас само се обидував да се фокусирам и да возам најдобро што можам."
"Ние многу внимание посветивме на зачување на гумите, бидејќи по моето последно застанување во бокс, јас требаше да комплетирам 32 круга до крајот, но се испадна како што треба! На пет круга до крајот видов дека Кими почна за заостанува по малку, тој се обиде неколку пати да ме претекне, и се разбира, тоа ги уништува вашите гуми."
"Во тој момент знаев дека се ќе биде во ред, па безбедно ја поминав целната линија. Сигурно долго ќе се сеќавам на оваа трка, а тоа е едно прекрасно чувство. Тоа е неверојатно, немам зборови за тоа. Имав многу добро друштво на подиумот, мислам дека Кими се тркаше и против татко ми, па тоа беше многу забавно! Јас изгледа премногу славев во завршниот круг, па имам грчеви, но тоа е дел од Победата! "

