Австралијанецот полн со самодоверба на пресот по завршување на Квалификациите изјави: "Знаев дека доаѓаме на место каде може да се обидеме да ја освоиме првата стартна позиција. Тоа го потврдија и тренинг сесиите во четвртокот. Јас цело време мислев на Пол позицијата. Исто така, по Барселона ... Почувствував дека имам добри перформанси во последните неколку трки, но не ја добив максимална награда. Имав голема самодоверба и верување дека би можел да бидам во оваа позиција и се чувствувам добро што си ја исполнив задачата. Имаме добар пакет, па ова е убава можност да се искористи неговиот потенцијал."
Добитната позиција за Победа на утрешната трка ја има Даниел Рикиардо, со оглед на тоа што може да стартува на супер-меките гуми, додека останатите на ултра-меките. Стартот е закажан за утре, Недела, 14:00 часот по Македонско време. Ќе гледаме долги 78 круга и се е возможно доколку во игра се замешаат временските услови и безбедносното возило.
"Утре ќе видиме дали нашата стратегија ќе даде резултат. Планот беше да се оди на ултра-меките гуми во почетниот дел од Q2 сесијата и да се забележи време кое не носи во најбрзите десет возачи, а потоа да видиме дали може да се направи доволно добар круг на супер-меките гуми. Ние чувствувавме дека на овој начин повеќе варијанти за трката. Што се однесуба до Q3 сесијата, успеавме да обезбедиме максимален грип од ултра-меките гуми, и го забележав најдоброто време."
Нико Розберг изјави дека денес пол позицијата не била достапна: "Јас не мислам дека пол позицијата ми избега, таа никогаш не беше остварлива за мене. Даниел едноставно беше супер брз. Тие заслужено се на врвот и тоа е тоа. Јас едноставно не бев доволно брз."
Луис Хамилтон, неговиот тимски колега во Мерцедес АМГ, верува дека стартот од прва позиција бил достапен: "Ова беа тешки квалификации за мене, јас навистина не знам што да кажам во овој момент. Добрата работа е во тоа што јас успеав да забележам еден брз круг, па третото најбрзо време и не е толку лошо со оглед на проблемите со ПЕ. Ќе се обидам да направам се што е во моја моќ за добар пласман на трката. Да не беа овие проблеми мислам дека Пол позицијата беше достапна. Добредојден е и дождот да помогне..."
Возачот на Мерцедес АМГ изгледаше доста брзо за време на Q1 и Q2, но на стартот од Q3 сесијата при излегувањето од својата гаража, точно на крајот од боксевите ја изгуби моќта на својата Мерцедес ПЕ, дефект кој влијаел на неговиот резултат. Од неговиот тим излегоа со сопштение дека проблемот бил во притисокот на горивото, кој бил присутен и кај Германецот, но со поинакви последици. (Дали ова е казната за Луис, што го предизвика судирот од минатата трка?!?)
Даниел Рикиардо ја донесе првата Пол позиција на Ред Бул од Големата Награда на Бразил одржана во 2013 година, но неговиот помлад тимски колега по Победата во Шпанија, денес разочара. Макс Ферстапен беше една од првите жртви на бариерите во Монте Карло. Холанѓанецот при влез во свиокот во делот на базенот успеа да ја скрши амортизацијата на предното десно тркало, и заврши директно во бариерите на излезот од следниот свиок. Беше покажано црвено знаме, кое беше второ по ред во првата сесија. Првото беше предизвикано од откажувањето на Ферари ПЕ во болидот на Заубер, зад чиј волан беше Фелипе Наср.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:13.622
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:13.791 + 0.169
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:13.942 + 0.320
4. Себастијан Ветел Ферари 1:14.552 + 0.930
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:14.182 + 1.104
6. Кими Раиконен* Ферари 1:14.726 + 1.110
7. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:14.732 + 1.127
8. Серџо Перез Форс Индија 1:14.749 + 1.280
9. Дањил Квјат Торо Росо 1:15.273 + 1.651
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:15.363 + 1.741
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:14.043
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:15.273 + 1.230
12. Естебан Гутиерез Хас 1:15.293 + 1.250
13. Џенсон Батон Мекларен 1:15.352 + 1.309
14. Фелипе Маса Вилијамс 1:15.385 + 1.342
15. Роман Грожан Хас 1:15.571 + 1.528
16. Кевин Магнусен Рено 1:16.058 + 2.015
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:14.610
17. Маркус Ериксон Заубер 1:16.299 + 1.689
18. Џолион Палмер Рено 1:16.586 + 1.976
19. Рио Харјанто Манор 1:17.295 + 2.685
20. Паскал Верјалн Манор 1:17.452 + 2.842
21. Макс Ферстапен Ред Бул 1:22.467 + 7.857
22. Фелипе Наср Заубер без време
107% време: 1:19.833
* 5 стартни места поназад

