ПРОПИСИ. Во 2017 година ќе има нови технички правила кои вклучуваат значително зголемување на потисната сила со помош на аеродинамиката на шасијата.
За исполнување на целите за подобрување на времињата по круг, во комбинација со најновите аеро измени, донесена е одлука да воведат пошироки гуми, а со тоа и нивна поширока контактна површина.
ЦЕЛИ: Формула 1 би сакала да постигне намалување од околу четири секунди по круг, како резултат на овие нови прописи. Дел од ова намалување ќе дојде од подобрите перформанси на гумите низ свиоците и при забрзување.
НОВИ ДИМЕНЗИИ: Предната гума, која во моментов е 245мм. широка, ќе се зголеми на 305мм. Задната гума ќе се зголеми од 325мм на 405мм. Значи новата големини за слик гумите ќе биде напред 305/670-13 и 405/670-13 назад.





