Актуелниот Шампион, Луис Хамилтон, по стартот од 10-тата позиција успеа да стигне до 5-тото место. Тој имаше добар напредок низ поредокот, но, беше забавен по неочекуваните проблеми со Мерцедес ПЕ. Британецот во неколку наврати побара од својот инженер помош во решавање на проблемот, но тој му одговараше дека едноставно не може да го советува поради новите ограничувања во радио комуникацијата кои се воведени оваа сезона.
Хамилтон беше во можност да го реши проблемот во завршните фази од трката, но тоа се покажа како премногу доцна и тој не беше во можност да направи нешто повеќе од петтото место. За волја на вистината Педи Лов, по трката изјави дека и Нико го имал истиот проблем, но најверојатно со побистра глава на безбедното прво место успеал да го најде вистинското пoдесување во само еден круг!!!
Серџо Перез во своја корист ја имаше моќта на Мерцедес ПЕ и победничката стратегија од само едно застанување за промена на гуми и во последниот круг тој се најде во позициија да го помине Раиконен. Финецот имаше добри моменти на оваа трка, кога со пораното влегување во бокс успеа да излезе на второто место, но подоцна мораше да го отстапи на својот тимски колега од кого го превзеде, за потоа се најде под притисок на Перез и казната од пет додатни секунди поради газење на белата линија при влез во боксевите.
Како што веќе напоменавме Хамилтон беше петти, Валтери Ботас осамен шестото, пред Даниел Рикардо и Макс Ферстапен. Австралијанецот стартуваше втората позиција, но од тимот на Ред Бул денес ја одбраа губитничката стратегија од две застанувања во бокс и тоа кај двата свои болиди. Најверојатно и тие беа изненадени, како и ние, што оваа трка успеа да заврши без никаков инцидент, па дури ни виртуелно безбедносно возило. Нико Хулкенберг финишира на деветтото место во Форс Индија, а Фелипе Маса го освои поледниот еден поен за Вилијамс со десеттата позиција.
Голема Награда на Европа, Баку
51 круга, 306.306км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч31:05.296
2. Себастијан Ветел Ферари + 16.696
3. Серџо Перез Форс Индија + 25.241
4. Кими Раиконен Ферари + 33.102
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 56.335
6. Валтери Ботас Вилијамс + 1:00.886
7. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1:09.229
8. Макс Ферстапен Ред Бул + 1:10.696
9. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:17.708
10. Фелипе Маса Вилијамс + 1:25.375
11. Џенсон Батон Мекларен + 1:44.817
12. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
13. Роман Грожан Хас + 1 круг
14. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
15. Џолион Палмер Рено + 1 круг
16. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
17. Маркус Ерисон Заубер + 1 круг
18. Рио Харјанто Манор + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:46.485
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Данил Квјат Торо Росо
Карлос Саинц ЈР. Торо Росo
Паскал Верлајн Манор
Фернандо Алонсо Мекларен
Генерален пласман по 8 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 141 1. Мерцедес АМГ 258
2. Луис Хамилтон 117 2. Ферари 177
3. Себастијан Ветел 96 3. Ред Бул 140
4. Кими Раиконен 81 4. Вилијамс 90
5. Даниел Рикиардо 78 5. Форс Индија 59
6. Макс Ферстапен 54 6. Торо Росо 32
7. Валтери Ботас 52 7. Мекларен 24
8. Серџо Перез 39 8. Хас 22
9. Фелипе Маса 38 9. Рено 6
10. Данил Квјат 22
11. Роман Грожан 22
12. Нико Хулкенберг 20
13. Фернандо Алонсо 18
14. Карлос Саинц ЈР. 18
15. Кевин Магнусен 6
16. Џенсон Батон 5
17. Штофел Вандорн 1

