Во тимот на Јапонскиот производител на Формула 1 Погонски Единици веруваат дека новиот 2016 ЕРС-систем го има истото ниво на моќност како тој на Мерцедес. Овој систем беше идентификуван како главна слабост на Мекларен-Хонда во 2015 година, сезона во која го освоија деветто место во шампионатот на конструктори. Голем дел од зимската пауза им беше фокусиран на тоа како подобро да се собере енергијата од издувните гасови, а воведувањето на новиот турбо компресор за Канадското Гран При е заокружување на овој процес. Дека има резултати се потврдува со фактот дека Мекларен влегува во Q3 сесијата на три од последните четири трки. По само осум трки од оваа сезона веќе се на три поени од вкупно освоените во минатата.
"Од гледна точка на ЕРС-системот, ние веќе ја постигнавме нашата цел, тој е веќе на ниво Мерцедес.", вели Јусуке Хасагава - шефот на Хонда Ф1."Перформансите на нашиот ЕРС-систем не се разликуваат премногу од врвните тимови, јас сум убеден во тоа. Тој ни овозможува двојно поголема моќност од минатата година и работи на највисоко можно ниво. Не можам да кажам дали е подобар од останатите, но, реално гледано, сега може да се каже дека таа област од ПЕ на сите тимови е тука некаде. Тоа е неверојатен напредок што го имаме постигнато за две-три години, нешто за што на другите им беа потребни седум-осум години."
Хонда допрва треба да ги потроши нивните токени за развој на ПЕ доделени за 2016 година.
"Секогаш има простор за подобрување, но дефинитивно повеќе треба да се концентрираме на перформансите на моторот со внатрешно согорување. Ние сеуште немаме доволно перформанси за надградба, па не можеме да ги воведеме. Во некои од индивидуалните експериментални тестови можеме да видиме некои од придобивките, но се тоа треаба да биде потврдено на ниво на целина. Ако немаме доволно време да промениме сè, ако немаме доволно токени, тогаш ќе се воведат подобрувања на некои делови од моторот."
Запрашан за тоа што ќе ги направи луѓето во Хонда среќни, Хасегава одговори: "Секако како прво е да се подобрат нашите перформанси, и потоа како второ да имаме реални шанси за пласман на Победничкиот подиум."
ЕРС-ОТ НА ХОНДА ГО ДОСТИГНА НИВОТО НА МЕРЦЕДЕС
6/24/2016 03:06:00 PM
0
Share to other apps

