Ферари ја изгуби борбата со Ред Бул на вчерашните квалификации. Сега нив ги дели само еден поен во генералниот пласман на конструктори, но прашање е дали Ред Бул ќе може да парира на Ферари на побрзите патеки, кога доаѓа до израз поголемата моќ на нивната ПЕ. Денес, Даниел Рикиардо без поголеми напори стигна до третото место на подиумот, иако во финишот на трката беше стигнат од Себастијан Ветел, но без поголеми шанси за промена на местата.
Возач на денот?!? Никој... Најблиску можеби беше Кими, но во радио-комуникацијата како мало дете со жалењето на дефанзивното возење на Ферстапен. Овој пак не да се грижи за своето возење, се жали на Кими дека ги поминувал лимитите на патеката(сепак тој е детето во овој дуел, и тоа буквално)!!! Ако сакате да допринесете на глобално ниво, гласајте за возач на денот на ФОРМУЛА 1 сајтот
Трката беше решена на стартот кога Хамилтон од втората позиција го превзеде првото место од Розберг, напаѓајќи од внатрешната страна при влез во првиот свиок. Розберг, истовремено се најде под притисок и од Даниел Рикиардо, кој брзо се приближуваше од надворешната страна. Заглавен меѓу нив двајца тој мораше да намали, па покрај првото го изгуби и второто место.
Сепак, Розберг користејќи ја моќта на Мерцедес ПЕ, успеа да се врати на второто место веќе во вториот свиок.Кога сите очекуваа интересна борба барем помеѓу тимските колеги, тоа не се случи. Хамилтон, со контролиран водство во наредните 70 круга успеа да стигне до неговата петта Победа на Хунгароринг. Тоа го стави на првото место по победи на оваа патека.
Двата возачи на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, потешко од очекуваното стигнаа до своите финални места. Како што напоменавме, во последните фази на трката Рикиардо се најде под притисок од Себастијан Ветел, но и покрај тоа што на крај разликата помеѓу нив беше само 0.6 секунди, Австраланецот не изгледаше загрозен во нити еден момент дека ќе го изгуби своето место на Победничкиот подиум. Ферстапен, пак, имаше вистинска борба во последниот квартал од трката.
Младиот Холанѓанец го направи својот последен пит-стоп, за меки гуми, во 39 круг и се најде зад Кими Раиконен, кој беше на поинаква стратегија и кој направи импресивен напредок од 14-тото стартно место. Тој мораше во бокс по нови супер-меки гуми во 50-от круг. Тој се врати со заостанување од 8 секунди зад Ферстапен, но со новите помеки и побрзи гуми тој за брзо време ја намали оваа разлика и почна неговиот голем притисок над младиот возач на Ред Бул.
Ова беше второ искуство на возачот на Ред Бул со Кими Раиконен, првото беше кога стигна до својата деби Победа во Барселона, Шпанија. Младиот Холанѓанец не попушти под огромниот притисок, се бранеше како да е еден од најискусните возачи на гридот, секогаш создавајќи доволно разлика при влез во последниот свиок, за да ја анулира ДРС помошта на Раиконен. Ферстапен за разлика од Розберг не попушта кога се наоѓа под притисок, што е една од одликите на добар возач.
Со Раиконен на шесто, седмото место му припадна на Фернандо Алонсо, кое го превзеде од Карлос Саинц ЈР. уште на стартот од трката. Скорот на Мекларен можеше да биде уште поголем ако Џенсон Батон не претрпеше загуба на хидрауличниот притисок во неговиот болид уште во раните фази на трката. Саинц го освои солидното за него осмо место и четири поени, а освојувачите на поени се комплетираа со возачите на Форс Индија и Вилијамсн, т.е. Нико Хулкенберг и Валтери Ботас.
Голема Награда на Унгарија, Хунгароринг
70 круга, 306.630км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1Ч46:09.985
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1.977
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 27.539
4. Себастијан Ветел Ферари + 28.215
5. Макс Ферстапен Ред Бул + 48.659
6. Кими Раиконен Ферари + 49.044
7. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
9. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
10. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
11. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
12. Џолион Палмер Рено + 1 круг
13. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
14. Роман Грожан Хас + 1 круг
15. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
16. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
17. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
18. Фелипе Маса Вилијамс + 2 круга
19. Паскал Верлајн Манор + 2 круга
20. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
21. Рио Харјанто Манор + 2 круга
* 2000: М.Хакинен - Мекларен - 1ч45:33.869
* 2001: М.Шумахер - Ферари - 1ч41:49.675
* 2002: Р.Баричело - Ферари - 1ч41:49.001
* 2003: Ф.Алонсо - Рено - 1ч39:01.460
* 2004: М.Шумахер - Ферари - 1ч35:26.131
* 2005: К.Раиконен - Мекларен - 1ч37:25.552
* 2006: Џ.Батон - Хонда - 1ч52:20.941
* 2007: Л.Хамилтон - Мекларен - 1ч35:52.991
* 2008: Х.Ковалаинен - Мекларен - 1ч37:27.067
* 2009: Л.Хамилтон - Мекларен - 1ч38:23.876
* 2010: М.Вебер - Ред Бул - 1ч41:05.571
* 2011: Џ.Батон - Мекларен - 1ч46:42.337
* 2012: Л.Хамилтон - Мекларен - 1ч41:05.503
* 2013: Л.Хамилтон - Мерцедес - 1ч42:29.445
* 2014: Д.Рикирадо - Ред Бул - 1ч53:05.058
* 2015: С.Ветел - Ферари - 1ч46:09.985
Најбрз Круг: Кими Раиконен - 1:23.086
Без пласман:
Џенсон Батон Мекларен
Генерален пласман по 11 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 192 1. Мерцедес АМГ 378
2. Нико Розберг 186 2. Ферари 224
3. Даниел Рикиардо 115 3. Ред Бул 223
4. Кими Раиконен 114 4. Вилијамс 94
5. Себастијан Ветел 110 5. Форс Индија 74
6. Макс Ферстапен 100 6. Торо Росо 45
7. Валтери Ботас 56 7. Мекларен 38
8. Серџо Перез 47 8. Хас 28
9. Фелипе Маса 38 9. Рено 6
10. Карлос Саинц ЈР. 30 10. Манор 1
11. Роман Грожан 28
12. Нико Хулкенберг 27
13. Фернандо Алонсо 24
14. Данил Квјат 23
15. Џенсон Батон 13
16. Кевин Магнусен 6
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1
Со право прославува...
Мннногу жешка трка...
Хамилтон ја покажа и својата лоша страна...