Денес пристигна официјална објава од Италијанскиот тим дека по три години заедничка работа , Скудерија Ферари и Џејмс Алисон заеднички одлучија да го прекинат меѓусебниот договор. Матија Биното ќе го преземе неговото место на главен технички директор на тимот.
Маурицио Аривабене, тимскиот шеф на Ферари, го даде следниот коментар: "Тимот би сакал да му се заблагодари на Џејмс за неговата посветеност и жртва за време на периодот поминат заедно, и му посакувам успех и спокојство во своите идни планови."
Џејмс Алисон, пак изјави: "Во текот на годините поминати во Ферари, два различни периоди со различни улоги, успаев да се запознаам и ја проценам вредноста на тимот и на овие луѓе, мажи и жени, кои се дел од него. Сакам да им се заблагодарам за заедничкото професионално и човечкото искуство што го делевме. Им посакувам на сите среќна иднина со многу успех."
ЏЕЈМС АЛИСОН И ФЕРАРИ СЕ РАЗДЕЛИЈА, БИНОТО НОВ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР
7/27/2016 01:11:00 PM
0
Share to other apps