Трката стартуваше со безбедносното возило, поради влажната патека од обилниот дожд кој паѓаше непосредно пред почетокот, па Пол позицијата на Хамилтон му донесе лесно прво место. Ние бевме ускратени за еден од најинтересните сегменти на една Ф1 трка. Безбедносното возило се повлече по пет круга, кога водечките продолжија на гумите за дожд, но голем број возачи се упатија веднаш кон боксевите за интермедиа гумите на Пирели. Поредокот напред во тој момент беше Хамилтон, Розберг, Ферстапен, Рикиардо, кои останаа на патеката.
Хамилтон влезе во бокс по дополнителни седум круга, смени на интермедиа, со кои извозе стинт од 17 круга, а Финалниот стинт беше на медиум гуми, со кои ја финишираше трката. Освен едно излетување при првиот свиок, место каде што, многу од возачите имаа слични авантури надвор од патеката, Британецот самоуверено ја контролираше трката за да на крај стигне до неговата четврта победа на Британското ГП и да стане првиот возач со три последователни победи во Силверстоун.
"Излеговме на патеката за формацискиот круг и асфалтот беше сув, а потоа одеднаш врнеше и тоа беа незгодни услови. Таа се сушеше прилично брзо, и јас се обидував да не направам некоја грешка. Но, тоа е она што го сакам кај оваа трка, бидејќи таа никогаш не е едноставна. Секогаш ги има овие работи, кои ја прават трката спектакуларна, тоа е причината зошто Големата Награда на Велика Британија е најдобрата во календарот."
Но, како по обичај, интересните работи се случуваат поназад во поредокот. Нико Розберг, лидерот во генералниот пласман, по рестартот на трката го задржа второт место, но многу набргу се најде под притисок од Ферстапен и во 15 круг беше изненаден од смелиот потег на Холандскиот тинејџер од надворешната страна при Бекет свиокот. Германецот успеа да ја пронајде брзината на Мерцедесот по смената на медиум гумите, па веднаш се впушти кон поправање на ситуацијата и набрзо го стигна возачот на Ред Бул, но не успеваше да го претекне дури 20 круга. Тоа му успеа во стилот на Макс со добар потег од надворешната страна на свиокот Стоув, кога веќе започнаа проблемите на Ред Бул со трошењето на задните гуми.
Но, неговото второ место, на неколку круга до крајот на трката беше загрозено, кога неговиот болид остана заглавен во 7-та брзина. Преку радио-врската од страна на неговиот тркачки инженер му беше кажано да направи некои промени во сетинзите, проблемот беше донекаде решен, но оваа размена на информации беше ставена под истрага од стјуардите за потенцијално прекршување на прописите кои се однесуваат на видот на помош што возачот може да ја добие од неговиот тркачки инженер. Ферстапен се приближуваше, но Розберг успеа да го задржи второто место во трката, а потоа на подиумот изјави дека е сигурен дека инструкциите што ги добил се легални. Но, стјуардите не мислеа така, што го чинеше Германецот казна од 10 секунди на неговото време, со што му го предаде второто место на Ферстапен, кој го имаше третиот пласман на подиумот по приклучувањето на Ред Бул.
Четвртото место му припадна на Даниел Рикиардо, чија трка беше упропастена по влегувањето во бокс откако безбедносното возило ја напушти патеката и излегувањто зад бавниот болид на Форс Индија, со Серџо Перез зад воланот. Кога конечно успеа да го претекне, заостанувањето за третопласираниот Розберг беше 16.5 секунди. Австралијанецот во еден момент го следеше темпото на Хамилтон, но не успеваше доволно да ја намали разликата, па набрзо се откажа и почна да го штеди својот болид, безбедно завршувајќи ја трката.
Откако беше претекнат од страна на Рикиардо, Перез се држеше на петтото место под голем притисок од страна на Кими Раиконен. Но, попушти на седум круга до крајот и Финецот го имаше петтото место. Седмото место му припадна на Нико Хулкенберг, пред Карлос Саинц ЈР. на осмото место за Торо Росо. Себастијан Ветел ја заврши трката на деветтото место во трка која брзо ќе ја заборави. Возачот на Ферари беше првиот кој ризикуваше со гумите за суво во почетокот на трката, но веднаш по излегувањето на патеката овој ризик се покажа неоправдан и започна да тоне во поредокот.
Кога патеката доволно се исуши, тој започна пробив нагоре во поредокот, но додека се обидуваше да го претекне Фелипе Маса за осмото место, Ветел касно кочеше, по што тој и Маса беа принудени да излезат надвор од патеката. Инцидентот резултираше со казна од пет додатни секунди не неговото време, ги изгуби шансите за осмото, а за една секунда ќе го изгубеше и 9-тото, ако Данил Квјат ја намалеше разликата под пет секунди.
Голема Награда на Британија, Силверстоун
52 круга, 306.198км., Време: Сончево/Дожд.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч31:27.729
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 6.911
3. Макс Ферстапен Ред Бул + 8.250
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 26.211
5. Кими Раиконен Ферари + 1:09.743
6. Серџо Перез Форс Индија + 1:16.941
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:17.712
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1:25.858
9. Себастијан Ветел Ферари + 1:31.654
10. Данил Квјат Торо Росо + 1:32.600
11. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
12. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
13. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
14. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
15. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
16. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
17. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:35.548
2014. Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч26:52.094
2015. Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:27.729
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Џолион Палмер Рено
Рио Харјанто Манор
Роман Грожан Хас
Маркус Ериксон Заубер
Паскал Верлајн Манор
Генерален пласман по 10 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 171 1. Мерцедес АМГ 338
2. Луис Хамилтон 167 2. Ферари 204
3. Кими Раиконен 106 3. Ред Бул 195
4. Даниел Рикиардо 100 4. Вилијамс 92
5. Себастијан Ветел 98 5. Форс Индија 73
6. Макс Ферстапен 87 6. Торо Росо 41
7. Валтери Ботас 54 7. Мекларен 32
8. Серџо Перез 47 8. Хас 28
9. Фелипе Маса 38 9. Рено 6
10. Роман Грожан 28 10. Манор 1
11. Нико Хулкенберг 26
12. Карлос Саинц ЈР. 26
13. Данил Квјат 23
14. Фернандо Алонсо 18
15. Џенсон Батон 13
16. Кевин Магнусен 6
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1
РЕСТАРТ ПО БЕЗБЕДНОСНОТО ВОЗИЛО...
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ VS КАРЛОС САИНЦ ЈР....
МАКС ФЕРСТАПЕН VS НИКО РОЗБЕРГ...
ПЕРФЕКТЕН ДВОЕН ПИТ-СТОП...