Следуваат возачите на Ферари, Кими Раиконен, пред изнервираниот Себастијан Ветел. Германецот имаше големo пролизгување низ Стоув свиокот, што го стави зад својот тимски колега, но за малку пред Валтери Ботас. По примената на казната тој ќе стартува од 11-тата позиција. Во сесија кога стјуардите избришаа многу времиња, повеќето за време на квалификациите, но со случајот на Нико Хулкенберг, тоа беше направено по финишот па така иако заврши како осми, таа позиција му ја препушта на Карлос Саинц ЈР.. Хулкенберг беше деградиран на деветто место, а истатата судбина го најде и Фернандо Алонсо, па мораше да се задоволи со 10-тата позиција.
Појаснување колку да нема забуни зошто некои времиња беа избришани, некои не. Пред почетокот на викендот било договорено со сите возачи дека "нулта толеранција" за лимитите на патеката ќе биде применувана само за свиоците со број 9,15 и 18, бидејќи тие биле означени како места каде може да се стекне дополнителна, нефер предност. Трка на Големата Награда на Британија ќе стартува утре, Недела, во стандардниот термин за Европа, 14:00 часот, со пренос на Македонската телевизија.
2016 БРИТАНИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:29.287
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:29.606 + 0.319
3. Макс Ферстапен Ред Бул 1:30.315 + 1.026
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:30.618 + 1.331
5. Кими Раиконен Ферари 1:30.881 + 1.594
6. Себастијан Ветел Ферари 1:31.490 + 2.203
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:31.557 + 2.270
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:31.920 + 2.633
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:31.989 + 2.702
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:32.343 + 3.056
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:29.243
11. Серџо Перез Форс Индија 1:31.875 + 2.632
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:32.002 + 2.759
13. Роман Грожан Хас 1:32.050 + 2.807
14. Естебан Гутиерез Хас 1:32.241 + 2.998
15. Данил Квјат Торо Росо 1:32.306 + 3.063
16. Кевин Магнусен Рено 1:37.060 + 7.817
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:30.724
17. Џенсон Батон Мекларен 1:32.788 + 2.064
18. Џолион Палмер Рено 1:32.905 + 2.181
19. Рио Харјанто Манор 1:33.098 + 2.374
20. Паскал Верјалн Манор 1:33.151 + 2.427
21. Фелипе Наср Заубер 1:33.544 + 2.820
22. Маркус Ериксон Заубер не учествуваше
107% време: 1:37.075
КРУГОТ НА ХАМИЛТОН ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈА...
БОЛИДОТ САКАШЕ ДА ДРИФТА, ВЕТЕЛ СПАСИ ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ СПАСИ...