Со модифицираниот болид на Ферари SF15-T ќе започнат првите тестови на 2017-спецификацијатата на Пирели гумите. Тоа ќе бидат два тест дена, од 1-2 август на патеката во Фиорано, која ќе биде вештачки навлажнета за тестирање на интемедиа(зелените) и гумите за дожд(сини). Потоа, од 3-4 август, Ред Бул ќе ги тестира новите гуми за суво време во Муџело. Во септември, настапува Мерцедес АМГ на Пол Рикард. Податоците од тест сесиите, собрани од овие три тимови ќе бидат споделени со другите тимови.
ПРОГРАМА
Севкупно, тестирањето и развојот на 2017 гумите ќе се одвива на 10 тест сесии со вкупно времетраење од 24 дена. Ферари, Ред Бул и Мерцедес АМГ ќе обезбедат модифицирани 2015 болиди по прецизна спецификација утврдена од страна на ФИА, со која ќе се симулираат перформансите предвидени за следната година. Секој тим ќе има седум тест дена, по однапред даден распоред од Пирели, подеднакво споделувајќи ја програмата за развој. На крај, трите тима ќе имаат финална тест сесија во Абу Даби на 29-ти Ноември, два дена по последната трката од сезоната.
ПАТЕКИ
Пет патеки ќе бидат домаќини на Програмата за развој на Пирели, а тоа се Фиорано, Муџело, Пол Рикард, Каталуња и Абу Даби.
КАЛЕНДАР
Модифицирани 2015 болиди со гуми за 2017 сезоната
1. ФИОРАНО, 1-2 Август, 2 дена, Ферари, гуми за дожд
2. МУЏЕЛО, 3-4 АвгУСТ, 2 дена, Ред Бул, гуми за суво
3. БАРСЕЛОНА, 6-7 Септември, 2 дена, Ферари, гуми за суво
4. ПОЛ РИКАРД, 6-8 Септември, 3 дена, Мерцедес АМГ, гуми за суво
5. ПОЛ РИКАРД, 21-22 Септември, 2 дена, Мерцедес АМГ, гуми за дожд
6. БАРСЕЛОНА, 12-13 Октомври, 2 дена, Мерцедес АМГ, гуми за суво
7. АБУ ДАБИ, 14-16 Октомври, 3 дена, Ред Бул, гуми за суво
8. АБУ ДАБИ, 2-3 Ноември, 2 дена, Ред Бул, гуми за дожд
9. АБУ ДАБИ, 14-16 Ноември, 3 дена, Ферари, гуми за суво
10. АБУ ДАБИ, 29 Ноември, сите тимови, тест за конечна валидација.
НОВИ ГОЛЕМИНИ
Предните гуми се зголемуваат за 60мм, од 245 на 305мм. Задните гуми ќе бидат поголеми за 80мм, од 325 на 405мм.
305/670-13 предни гуми
405/670-13 задни гуми.
Интермедиа гумата ќе има дијаметар од 675мм, додека пак гумата за дожд ќе има дијаметар од 680мм.
ПРОПИСИ
Тимовите и ФИА се согласија дека треба да се промени регулативата во однос на тест сесиите за Пирели гумите, па така веќе е започнато тестирањето на 2017 смешите со болиди од сезоната 2012, 2013 или 2014, но и тековната големина на гумите.
Оваа програма, која започна со Ферари во Фиорано и Ред бул на Пол Рикард, ќе продолжи на следните локации:
СИЛВЕРСТОУН, 12-13 Јули, Мерцедес АМГ, гуми за суво
ФИОРАНО, 16 Јули, Ферари, гуми за дожд
ВАЛЕЛУНГА, 18-19 Јули, Ред Бул, гуми за суво.
ФЕРАРИ ПРВ ЌЕ ГИ ПРОБА 2017 ГУМИТЕ НА ПИРЕЛИ
7/06/2016 06:26:00 PM
0
Share to other apps