Себастијан Ветел повторно доживеа разочарување, што и јавно го искажа, кога неговиот нов менувач откажа при крајот на саботниот тренинг. Тој беше во можност да го врати болидот во својата гаража, но од тимот ја информираа ФИА дека ќе монтираат нов менувач. Страшно излетување и судир со бариерите имаше Маркус Ериксон, кој по инцидентот исто така ќе добие нов менувач. Поради силината на ударот, Швеѓанецот веднаш беше испратен во болница за рутинска проверка на неговата сосојба, па има шанси дека тој да не биде во можност да учествува на денешните квалификации. За двајцата следува казна од пет стартни места поназад.
НОВИОТ МЕНУВАЧ ОТКАЖА...
ЕРИКСОН СО НЕЗГОДНО ИЗЛЕТУВАЊЕ...
ЗАУБЕРОТ ЕДНОСТАВНО НЕ Е СТАБИЛЕН...