Легендарниот Рос Браун, поранешен технички директор на Ферари, шеф на Браун ГП и Мерцедес ГП, во интервју за Дејли телеграф изјави дека по три години пауза, ја разгледува можноста за враќање во Формула 1. Но, тој не е подготвен да работи за одреден тим, туку дека му се допаднала идејата на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој преку медиумите ги повика новите сопственици на шампионатот, да го искористат неговото искуство како спортски или технички директор на Формула 1.
"Убаво е да се слушне тоа од Кристијан. Во таа улога би било интересно да се вратам. Јас никогаш не би се вратил да работам во одреден тим. На тоа поле јас направив се што можам, но да се обидам да помогнам за подобрување на Формула 1 е интересен предизвик. Ако ме прашате што и фали на Формула 1, јас би рекол: нас ни треба 3-5 годишен план. Но, мислам дека сега не постои соодветна структура за да се создаде таков план и да се следи неговото спроведување."
"Изгледа дека Liberty Media постепено се развива. Тие се доволно паметни, тие разбираат дека за тоа ќе биде потребно време. Тие воспоставија соработка со Еклстоун, кој не е навикнат на такво внимание од страна на сопствениците. Јас немам проблеми со Берни. Ние имаме поинаков пристап, јас сакам да работам постепено и методично, додека Берни е многу импулсивен, но ако се комбинираат овие квалитети, нивната комбинација може да биде интересна. На моменти, ми се допаѓа неговиот пристап, но јас дејствувам поинаку, јас не барам пократки патишта, не кршам затворени врати, чекам тие да се отворат."
Во истото интервју, запрашан за тоа кој ќе ја освои титулата оваа сезона, тој одговори:
"Мислам дека Хамилтон треба да има некој вид на асистент. Розберг имаше постабилна сезона, но тој никогаш нема да постигне така високи резултати, на кои цели Луис. Но, Хамилтон е поподложен на своите емоции, целата приказна со неподготвеноста да комуницира со медиумите беше непотребно одвелкување на вниманието. Нико има неколку луѓе на кои може да се потпре. Луис се чини дека нема таква поддршка. Ако имаше таков помошник, тој можеби ќе ги исконтролираше своите емоции. Нико има многу флексибилен пристап, тој знае дека е малку инфериорен во однос на Луис, но секој пат продолжува да се бори со него. Многу други возачи, одамна ќе го имаа напуштено тимот. Јас дури и посакувам да ја освои титулата. Како награда за фактот дека тој никогаш не се откажува."
РОС БРАУН ПОДГОТВЕН ДА СЕ ВРАТИ ВО ФОРМУЛА 1
10/28/2016 11:38:00 PM
0
Share to other apps