Уште малку до титулата...
Како што започна оваа сезона, така и полека се ближи до својот крај со тотална доминација на болидите на Мерцедес АМГ. Луис Хамилтон беше најбрз на првиот слободен тренинг за Големата Награда на Абу Даби, која се одржува на патеката Јас Марина. Нико Розберг, неговиот тимски колега го имаше второто најбрзо време, додека Макс Ферстапен при крајот на оваа сезона се докажува како еден од најбрзите возач на гридот, но будно следен од својот тимски колега.Првиот слободен тренинг, кој протече во мирна атмосфера, но имаше повеќе акција од вообичаеното, бидејќи повеќето болиди беа опремени со делови за следната сезона. За пореален одраз на перформансите за овој тркачки викенд ќе треба да го почекаме вториот тренинг кој е закажан за 14:00 MK, т.е. исто време кога се одржуваат квалификационата сесија и неделната трка.
Алфонсо Целис го замени Нико Хулкенберг во неговиот болид на Форс Индија, додека во тимот на Манор Џордан Кинг беше замена за Естебан Окон, кој следната сезона се сели во тимот на Форс Индија. На сесијата најголем проблем имаше Данил Квјат, кој повторно имаше дупната гума, па тимот го повлече неговиот болид во нивната гаража, каде се собраа многу луѓе од Пирели, ФИА за испитување на причините за ова последователно случување со гумите кај Русинот, кое продолжува од минатата трка.
Како и секогаш на стартот од тркачкиот викенд, патеката беше лизгава и правлива, а ќе се чисти и "гумира" како шти одминува викендот. Покрај прашањето кој ќе биде 2016 Шампион, ќе се одвиваат и битките на Макс Ферстапен за четвртото место на Себастијан Ветел и Форс Индија, тим кој може да го обезбеди својот најдобар пласман во генералниот пласман во конструктори.
2016 АБУ ДАБИ ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:42.869 28
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:43.243 + 0.374 31
3. Макс Ферстапен Ред Бул 1:43.297 + 0.428 26
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:43.362 + 0.493 27
5. Себастијан Ветел Ферари 1:44.005 + 1.136 27
6. Серџо Перез Форс Индија 1:44.155 + 1.286 23
7. Кими Раиконен Ферари 1:44.556 + 1.687 27
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:44.685 + 1.816 21
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:45.039 + 2.170 27
10. Маркус Ериксон Заубер 1:45.168 + 2.299 20
11. Алфонсо Целис Форс Индија 1:45.476 + 2.607 26
12. Роман Грожан Хас 1:45.600 + 2.731 13
13. Фелипе Наср Заубер 1:45.778 + 2.909 17
14. Естебан Гутиерез Хас 1:45.925 + 3.056 20
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.940 + 3.071 31
16. Џолион Палмер Рено 1:46.219 + 3.350 33
17. Кевин Магнусен Рено 1:46.372 + 3.503 21
18. Фернандо Алонсо Мекларен 1:46.379 + 3.510 21
19. Паскал Верлајн Манор 1:46.458 + 3.589 29
20. Џенсон Батон Мекларен 1:47.127 + 4.258 10
21. Џордан Кинг Манор 1:47.558 + 4.689 27
22. Данил Квјат Торо Росо 2:01.989 +19.120 4
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:43.476
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:43.051

