Во тоа треба да му помогнат болидите на Ред Бул, но нивното заостанување не дава големи надежи за некоја посериозна борба. Најблиску од сите беше Себастијан Ветел, но во последните моменти од втората сесија откажа менувачот на неговиот Ферари. Ако тоа беше неговиот тркачки менувач, следува казна од 5 стартни места.
Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо го имаа четвртото и петтото најбрзо време и беа разделени со само еден илјадити дел од секундата. Валтери Ботас, кој накратко беше најбрз во почетокот на сесијата на супер-меките гуми, на крајот заврши седми во пресрет на дуото на Форс Индија, Серџо Перез и Нико Хулкенберг.
Фелипе Маса го заокружи топ 10 пласманот на своите последни петочни Ф1 тренинг сесии. Фернандо Алонсо беше 11-ти најбрз, со тимскиот колега Џенсон Батон веднаш зад него, но со заостанување од 0.457 секунди. Следува, Роман Грожан, иако неговата сесија беше прекината од страна на проблеми со притисокот на водата, по само 17 комплетирани круга.
Помалку од него на патеката беа само болидите на Торо Росо. Карлос Саинц ЈР. и Данил Квјат ја завршија попладневната сесија со само девет комплетирани круга за својот тим. Ова следеше откако Данил Квјат повторно заработи дупната гума. Тој се врати во боксот, каде беше пречекан од техничкиот делегат на Ф1, Џо Бауер, со тим за контрола на тркала. После тоа ниту еден болид на Торо Росо не се врати на патеката. Утрешните квалификации започнуваат во 14:00 часот по македонско време.
2016 АБУ ДАБИ ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.861 35
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.940 + 0.079 37
3. Себастијан Ветел Ферари 1:41.130 + 0.269 31
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:41.389 + 0.528 24
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:41.390 + 0.529 33
6. Кими Раиконен Ферари 1:41.464 + 0.603 34
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.959 + 1.098 35
8. Серџо Перез Форс Индија 1:42.041 + 1.180 35
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:42.264 + 1.403 36
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:42.268 + 1.407 35
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:42.366 + 1.505 32
12. Џенсон Батон Мекларен 1:42.823 + 1.962 23
13. Естебан Гутиерез Хас 1:43.012 + 2.151 35
14. Роман Грожан Хас 1:43.108 + 2.247 17
15. Џолион Палмер Рено 1:43.272 + 2.411 33
16. Естебан Окон Манор 1:43.600 + 2.739 34
17. Паскал Верлајн Манор 1:43.754 + 2.893 33
18. Фелипе Наср Заубер 1:43.903 + 3.042 36
19. Маркус Ериксон Заубер 1:44.045 + 3.184 34
20. Кевин Магнусен Рено 1:44.117 + 3.256 25
21. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:44.478 + 3.617 5
22. Данил Квјат Торо Росо 1:45.948 + 5.087 4
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:42.115
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:41.983

