Австралијанецот беше за една стотинка побрз од Кими Раиконен, кој ќе биде веднаш до него на вториот стартен ред. Себастијан Ветел повторно беше побавен од својот тимски колега, овој пат само за пет стотинки, доволно за петтата стартна позиција, која му ја украде на Макс Ферстапен, кој имаше кикс при вторите брзи кругови од Q3 сесијата.
Тимот на Форс Индија стандардно добар на патеките каде Мерцедес ПЕ доминира со својата моќност, додека Фернандо Алонсо беше побрз од Фелипе Маса во битката каде губитникот ја обезбеди последната позиција од Топ 10 пласманот.
Тимот на Ред Бул можеби ќе биде најголем ривал за сребрените стрели, пред се поради тоа што Рикиардо и Ферстапен ќе ја започнат трката на супер-маките гуми на Пирели, за разлика од останатите возачи со пласман во најбрзите десет. Тоа би требало да им овозможи подолг претстој на патеката во првиот стинт, и со тоа потенцијално вмешување во битката за шампионската титула.
Дали Рикиардо, Раиконен или останатите возачи ќе се замешаат во битката за шампионската Титула или таа ќе се одвива само помеѓу тимските колеги ќе треба да почекаме и да видиме на трката за Големата Награда на Абу Даби која стартува утре во 14:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:30.755
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.058 + 0.303
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:39.589 + 0.834
4. Кими Раиконен Ферари 1:39.604 + 0.849
5. Себастијан Ветел Ферари 1:39.661 + 0.906
6. Макс ферстапен Ред Бул 1:39.818 + 1.063
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.501 + 1.746
8. Серџо Перез Форс Индија 1:40.519 + 1.764
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:41.106 + 2.351
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:41.215 + 2.458
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:39.382
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.084 + 1.702
12. Џенсон Батон Мекларен 1:41.272 + 1.890
13. Естебан Гутиерез Хас 1:41.480 + 2.098
14. Роман Грожан Хас 1:41.564 + 2.182
15. Џолион Палмер Рено 1:41.820 + 2.438
16. Паскал Верлајн Манор 1:41.995 + 2.615
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:39.487
17. Данил Квјат Торо Росо 1:42.003 + 2.516
18. Кевин Магнусен Рено 1:42.142 + 2.655
19. Фелипе Наср Заубер 1:42.247 + 2.760
20. Естебан Окон Манор 1:42.286 + 2.799
21. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:42.393 + 2.906
22. Маркус Ериксон Заубер 1:42.637 + 3.150
107% време: 1:46.451
Се надеваме дека Рикиардо е во право...


