По успешната прва година, Ред Бул и TAG Heuer го продолжија своето партнерство за уште две сезони, т.е. до 2018 година. Брендираните ПЕ на Рено остануваат во болидите на Ред Бул. Обновувањето на договорот беше објавено денес, на патеката Јас Марина, локација каде овој викенд се одржува Големата Награда на Абу Даби, финалната трка од 2016 Формула 1 Шампионатот.
По тој повод и крајот на една сезона во која тимот заврши на второто место во шампионатот на конструкторите, Марк Бивер, глобалниот спортски директор на TAG Heuer, заедно со тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер и Даниел Рикиардо на покривот од хотелот Yas Viceroy, кој се наоѓа на патеката симболично притиснаа копчето со кое го означија одбројувањето до почетокот на 2017 сезоната, која започнува на 26 март во Мелбурн, Австралија.
РЕД БУЛ СИ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНИ РЕНО ПЕ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ
11/25/2016 10:06:00 PM
0
Share to other apps

