Даниел Рикиардо имаше одличен ден забележувајќи го третото најбрзо време на квалификациите за Големата Награда на Абу Даби, па ќе стартува веднаш зад Луис Хамилтон и Нико Розберг. Австралијанецот ќе ја започне трката на супер-меките гуми, додека останатите возачи околу него ќе бидат на ултра-меки гуми. Ред Бул и Рикиардо процениле дека вреди да се обидат со нешто различно од своите ривали.
"Јас сум задоволен со третата стартна позиција. Се чувствувам навистина добро. На утринската сесија имав проблеми, бев речиси една секунда побавен од Макс, па тоа не изгледаше како добар тек на овој ден. Патеката беше премногу загреана, така што ние не знаевме што да очекуваме за квалификациите. Но, се испадна во ред. Ќе видиме за стратегијата. Ние знаевме дека при исти гуми тие се побрзи од нас, па убаво е да се направи нешто различно од Мерцедес."
"Одиме на малку подолг стинт на почетокот, а потоа во зависност како ќе се одвива трката, што може да ни донесе добри резултати. Се разбира, повеќе посакувам да сум во нивната позиција, за што им завидувам по малку. Но, ако победата е на дофат, тогаш ништо нема да ме спречи да јас освојам. Ја почитувам нивната борба за титулата, но тоа нема да ме спречи да ги поминам, или пак да им олеснам да ме претекнат."
РИКИАРДО: АКО ПОБЕДАТА Е НА ДОФАТ, НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ ВОЗАЧИТЕ НА МЕРЦЕДЕС АМГ
11/26/2016 08:06:00 PM
0
Share to other apps



