Возачите на Италијанскиот тим не се задоволни со текот на досегашниот викенд во Абу Даби. Кими Раиконен го забележа четвртото најбрзо време и ќе стартува едно место пред својот тимски колега, Себастијан Ветел, кој беше побавен шест стоти делови од секундата.
Себастијан Ветел: "Јас не сум среќен со постигнатиот резултат. На почетокот се борев со балансот на болидот. На крајот беше подобро, но, во последниот брз круг имав лош последен сектор. Пред мене видов чад од болидот на Ферстапен, што беше доволно да ја наруши мојата концентрација. По утринската тренинг сесија ние очекувавме повеќе, не да го победиме Мерцедес, но секако да бидеме пред тимот на Ред Бул."
"Мислам дека не бевме побавни од нив, но ние не успеавме да имаме брзи кругови какви што посакувавме. Можеби и поради фактот, што се обидовме да ги предвидиме условите на патеката со поагресивна стратегија. Утрешниот ден треба да биде позитивен. Болидот се однесува добро, Мерцедес АМГ се малку далеку од дофат, но ние се надеваме дека ќе бидеме пред Ред Бул. Ние сме на помеката смеша на Пирели, што треба да ни даде предност на стартот и во првиот круг."
ВЕТЕЛ: МАКС ГО УНИШТИ МОЈОТ БРЗ КРУГ
11/26/2016 08:43:00 PM
0
Share to other apps

