Себастијан Ветел изјави дека Луис Хамилтон на крајот од трката се служел со "валкани трикови" во обид да ја освои титулата. Шампионот беше одлучен во неверојатно напната атмосфера, кога во последните кругови од трката Хамилтон возеше премногу бавно, 9 секунди побавно од времето на Пол позицијата, овозможувајќи им на ривалите на Мерцедес АМГ да влезат во игра. На Англичанецот му беше потребно Розберг да не се избори за пласман на подиумот за да има шанси за освојување на титулата и продолжи со својата стратегија и покрај неколку предупредувања од пит-ѕидот на Мерцедес АМГ.
По преминувањето на целната линија, Ветел на своето тимско радио рече: "Тоа беше тешка ситуација на крајот, со употребата на валкани трикови од страна на Луис."
Пред медиумите по трката додаде: "Кога стигнав зад Нико бев побрз, но, тоа се должеше на фактот што Луис многу забави. Се обидов да стигнам до победата, но тие беа многу, многу брзи на правците. Со Ред Булот беше полесно, можеби поради фактот што Макс не можеше да го користи ДРС-от, додека Нико го имаше, така што беше тешко да се помине."
"На крајот од вториот правец видов шанса за напад, но Нико се бранеше добро и ја затвори внатрешноста на свиокот, па јас и немав вистинска шанса за претекнување. Секако дека не можев да се обидам со некој глупав потег, бидејќи Луис беше малку понапред, па ако се залетав од внатрешната страна или пак надворешната можеби ќе го погодев и неговиот болид."
"Беше критично и за мене кога го видов Макс во ретровизорите. Последните круга беа интензивни и во одреден момент мислев да одам на се или ништо, бидејќи шансата за победа беше таму, но двата болиди на Мерцедес добро се држеа. Сепак, на крај сум задоволен од поредокот на подиумот. Денес е ден на Нико, се се заврши добро за него. Мислам дека Ф1 титулата не може да се освои на среќа, и поради тоа тој го заслужува целосниот респект. Шампионската Титула е заслужена."
ВЕТЕЛ ГО ОБВИНИ ХАМИЛТОН ЗА ВАЛКАНА ИГРА
11/27/2016 08:15:00 PM
0
Share to other apps




