Нико Розберг, новокрунисаниот Шампион во Формула 1, денес објави дека се повлекува од Формула 1 со непосреден ефект во емотивното обраќање пред делегатите и гостите на ФИА годишното собрание во Виена, Австрија. Нико стартуваше вкупно 206 трки и забележа 23 Победи, 30 Пол позиции и 20 Најбрзи кругови. Минатата недела во Абу Даби, тој стана првиот Германски возач кој освоил Шампионска Титула во Формула 1 зад воланот на Мерцедес-Бенц, Сребрената стрела.
Тото Волф, шеф на Мерцедес АМГ: "Ова е храбра одлука од страна на Нико и доказ за силата на неговиот карактер. Тој избра да замине во врвот на неговата кариера, како Шампион, остварувајќи го сонот од детството. Неговата одлука ја прифатив веднаш, по јасно објаснетото образложување од негова страна. Невозможно е да се долови карактерот на едно лице во неколку кратки зборови. Но, Нико има посебна комбинација на талент и борбен дух, кој го донесе до местото каде што е денес. Во текот на својата кариера, луѓето мислеа дека тој е на патот кон успехот само затоа што татко му бил шампион. Всушност, мислам дека на некој начин тоа го направи неговиот предизвик уште потежок. Тој мораше да се бори уште понапорно со тежината на очекувањата на своите рамена."
"Со Мерцедес, Нико беше немилосрден натпреварувач, кој заработи почитување на спортот со неговата упорност, неговиот борбен дух и неговата достојност под притисок. Од 2010 година, тој внесуваше конкурентна енергија во нашиот тим и ние станавме посилни поради тоа. Ние едноставно му искажуваме благодарност за неверојатен придонес што тој го има направено за нашиот успех, заедно со големите возачи како, Михаел и Луис. За тимот, ова е неочекувана ситуација, но, исто така, и возбудлива. Ние влегуваме во една нова ера на технички прописи и имаме едно слободно место во нашиот тим. Ние нема да брзаме, ќе го искористиме сето неопходно време за еваулација на сите наши опции, за да го најдеме вистинскиот пат за нашата иднина."
ВОЛФ: НЕМА ДА БРЗАМЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕ НОВ ВОЗАЧ
12/02/2016 04:45:00 PM
0
Share to other apps



