Во тимот на Мерцедес АМГ ги прославуваат Шампионските Титули во пласман на возачи и конструктори. Сезонава тоа е нивни трет последователен успех во Формула 1 Шампионатот. За да им се заблагодарат на своите фановите, за нивната поддршка во текот на годините, Сребрените стрели организираат online игра "Beat the Triple" во која најдобриот играч ќе добие автомобил Мерцедес АМГ А45.
Играта е во тек и ќе трае од 1-ви до 24-ти декември. Играта ја тестира моќта на концентрација на играчите и е слична на нашата "расипан телефон". Играта е компатибилна со сите уреди, вклучувајќи ги десктоп компјутерите, смарт телефони и таблети и може да се игра бесплатно на интернет на: www.mercedes-benz.com/beat-the-triple (копирајте го линкот, а потоа пастирајте во новo јазиче).
Идејата на играта е едноставна, но незгодна за совладување. Ѕвездата на Мерцедес, поделена на три дела, служи како поле за игра. Различни области на ѕвездата светнуваат, а играчот мора да ја запамти секвенцата и потоа да ја повтори. Со секоја нова рунда секвенцата станува се поголема и побрза, а со тоа и потешка за памтење.
Регистрацијата е неопходна ако сакате да се натпреварувате за наградите. Брзина ќе биде одлучувачки фактор во случај на нерешен резултат. Подетални информации на самиот сајт на играта.
НИЗ ИГРА ДО СУПЕР ВРЕДНА НАГРАДА - МЕРЦЕДЕС АМГ А45
12/04/2016 12:05:00 PM
0
Share to other apps

