Дали и нас ќе не импресионира ќе дознаеме во Недела, 26 Февруари, за кога е закажана неговата презентација. Во меѓувреме, денес очекуваме фотографии од 2017 кацигата на Макс Ферстапен, додека утре од тимот ќе објават фотографии за новата кацига на Даниел Рикиардо.
Кристијан Хорнер: "Пред се, големиот број на можности кои се отвораат пред нас како последица на транзицијата кон нови технички прописи. Јас би сакал да знам кој правилно ги разбрал и кој направил погрешни проценки. Целата сезона, од Мелбурн до Абу Даби, ќе биде константна трка за надградување на болидите. Значајна промена, при што сите оддели на тимот ќе работат со полна пареа се со цел да се биде понапред од нашите конкуренти, да се биде побрз, попаметен и поснаодлив од останатите. Оваа година ќе биде многу интересна и многу предизвикувачка."
"Во 2017 година болидите ќе бидат малку поинакви, тие ќе имаат поагресивен изглед и ќе добијат пошироки гуми. Аеродинамиката на болидот ќе стане поефикасна, што ќе резултира со зголемена потисна сила и тие ќе бидат во можност да бидат за 4-5 секунди побрзи. Возачите ќе имаат физички потешка задача да се справат со нив, и ќе биде интересно да се види како тоа ќе влијае на трките. Не се сомневам дека оваа година, нас не чекаат возбудливи ГП викенди, што може да доведе до некои промени во распоредот на гридот."
"Што се однесува до нашиот натпреварувач за 2017 година, РБ13, мислам дека тоа е еден од најубавите болиди што сме го создале. Тоа беше олеснето од страна на новата техничка регулатива и сето тоа создава впечаток на агресивност и брзина. Се сеќавам на старата изрека: Ако болидот изгледа како што треба, тогаш и ќе вози како што треба."
2017 КАЦИГА НА МАКС ФЕРСТАПЕН
2017 КАЦИГА НА ДАНИЕЛ РИКИАРДО - 22.2.2017