Од тимот на Мерцедес АМГ стигна соопштение дека Тото Волф и Ники Лауда потпишале нови договори со кои ќе останат во тимот до крајот на 2020 година. Датумот е усогласен со истекот на тековниот комерцијален договор со ФОМ.
Ники Лауда почна да работи во Мерцедес АМГ на крајот од 2012 година, додека сегашната позиција на неизвршен директор ја има од 2013 година и поседува 10% удел во тимот.
Тото Волф се приклучи на Мерцедес АМГ од тимот на Вилијамс во Февруари 2013 година и поседува 30% удел и од самиот почеток ја има позицијата на извршен директор.
Дајмлер групацијата го има мнозинскиот, 60%, пакет на акции.
Д-р Дитер Цетче, претседател и извршен директор на Дајмлер групацијата, изјави: "Извонредна е веста дека Тото и Ники ги продолжија нивните договори. Во 2013 година, ние имавме реконструирање на раководството на тимот со јасна цел - подобрување на нашите перформанси. Од тогаш, резултатите ги надминаа нашите очекувања. Клучен фактор во овој успех е комбинацијата на претприемачки вештини на Тото и искуството на Ники. Обновувањето на нивната посветеност кон тимот значи важен континуитет на нашата програма и во следните четири години."
Ники Лауда изјави: "Последните неколку години се едни од најпријатните што сум ги доживеал во Формула 1 Шампионатот. Тото и јас формиравме совршно партнерство во тимот и имаме одлична соработка на секое ниво, која дава резултати. Морам да се заблагодарам на Дитер и другите членови на одборот на Дајмлер за обновување на нивната доверба во нас."
Тото Волф заклучува: "Победувањето не се сведува на еден поединец, тоа е собирање на група од вистинските луѓе, кои работат заедно кон заедничка цел, а потоа комбинирање на нивните таленти да се постигне таа цел. Со секое доаѓаат во фабриката, јас сум почестен што ја имам привилегијата да ја претставувам оваа инспиративна група на луѓе."
ВОЛФ И ЛАУДА ОСТАНУВААТ ВО МЕРЦЕДЕС АМГ ДО 2020 ГОДИНА
2/20/2017 03:56:00 PM
0
Share to other apps

