Мерцедес АМГ објави дека Џејмс Алисон ќе се приклучи на тимот од 1 март 2017 година. Англичанецот е ценет Формула 1 инженер, кој има освоено шампионски титули со Ферари и Рено, а дека е тоа навистина така, покажува и новосоздадената позиција на технички директор во Германскиот тим специјално за него. Алисон ќе поднесува извештај директно на Тото Волф, кој ја има главната одговорност во водењето на тимот.
Коментирајќи во врска со неговото пристигнување во Мерцедес, Џејмс Алисон рече: "Јас сум многу радосен што добив шанса да се вратам на работа, по оддреден период на мое отсуство од овој спорт. Огромна е привилегијата да ми се даде доверба и позиција во тимот кој има спектакуларни резултати во последните три сезони. Јас очекувам со моја помош, Мерцедес АМГ да ја зајакне својата моќ и во наредните години."
Тото Волф: "Мило ми е што можам да му посакам добредојде на Џејмс во Мерцедес и нестрпливо очекувам да работиме заедно. Нашиот технички тим е исклучително вешт и работеше на највисоко ниво, освојувајќи три шампионски титули по ред. Задачата, да се најде вистинска личност која може да помогне на нашата искусна група на инженери, воопшто не беше лесна задача. Ангажирањето на Џејм Алисон, мислам дека е полн погодок, вешт инженер кој може да им помогне на нашите талентирани млади членови на тимот и да ја донесе својата визија за напредок. Мислам дека пронајдовме совршен човек, кој лесно ќе се вклопи со останатите раководители во тимот."
ОФИЦИЈАЛНО: ЏЕЈМС АЛИСОН НОВА АКВИЗИЦИЈА НА МЕРЦЕДЕС АМГ
2/16/2017 08:38:00 PM
0
Share to other apps

