Пирели оваа сезона ја започнува својата седма година во Формула 1, како официјален снабдувач на спортот со пневматици. Договор кој ќе трае најмалку до крајот на 2019 година. Според нивните инженери, оваа ќе биде најреволуционерна година од аспект на пневматиците, во комбинација со значајните технички промени на болидите. Оваа нова ера во Формула 1 ќе започне за само две недели, кога тимовите ќе учествуваат на првата официјална тест сесија на патеката Каталуња, во Барселона.
Најочигледната визуелна разлика, кога сме кај пневматиците, е во тоа што гумите сега се околу 25% пошироки, напред и назад, додека големината на бандажите останува непроменета со традиционалните 13-ки. Ова е дел од пакетот на мерки со кој се очекува да се забележуваат времиња, побрзи за околу пет секунди по круг во однос на 2015 година. Италијанците не исклучуваат и уште поголеми подобрувања. Повеќето од таа екстра брзина ќе се добие низ свиоците, бидејќи болидите ќе генерираат најмалку 20% повеќе потисна сила во споредба со минатата година, благодарение на поголемите крила и зголемување на аеродинамиката.
Филозофијата, пневматиците да имаат зголемена деградација во последните шест сезони, е променета, па сега постои нова директива да се направат пневматици со помала деградација и кои се поотпорни на прегревање. Оваа година, како резултат на тоа, имаме сосема нова структура на изградба и нови компоненти за секоја смеша.
Пирели имаа вкупно 24 тест денови кои ги посветија на новите 2017 пневматици со помош на модифицираните 2015 болиди на Ферари, Мерцедес АМГ, Ред Бул. Сепак, вистинските 2017 болиди, најверојатно, ќе бидат значително понапредни од модифицираните болиди, со брза стапка на развој во сезоната. Поради тоа, постојат уште голем број на прашалници за ефектите од новите регулативи. Во Барселона се очекува да бидат одговорени само некои од нив, бидејќи временските услови се очекува да бидат многу поладни од остатокот од сезоната.
Како резултат на тоа, тимовите ќе имаат идентична распределба на пневматици за првите пет трки од сезоната. Пирели дополнително подготвува и голем број на резервни гуми, со компоненти слични на тие од 2016 година, во случај новите 2017 пневматици да не одговараат на најновите болиди. Тие ќе бидат достапни, ако е потребно да се воведат во било кој период на сезоната.
ПИРЕЛИ - НОВИ ПНЕВМАТИЦИ, ЗА ЕРА НА БРЗИ БОЛИДИ
2/14/2017 09:04:00 PM
0
Share to other apps

















