Q1
Најголемо изненадување во овој дел од квалификациите беше Холанѓанецот во тимот на Ред Бул, Макс Ферсапен, кој по формацискиот круг преку тимското радио пријави проблем со Рено ПЕ и се повлече во својата гаража. По малку време тој се врати на патеката, но проблемите останаа.
Комплетираше еден бавен круг, во тој момент доволен за 17-тата позиција, му беа дадени инструкции за да извози уште еден, но тоа беше невозможно по извртувањето во последниот свиок на Антонио Џовинаци. Тоа значеше дека Ферстапен на крајот заврши на 19-тата позиција, само пред Естебан Окон и зад Штофел Вандорн со Мекларен, Роман Грожан со Хас и Џолион Палмер со Рено.
Најбрзи беа болидите на Ферари,кои беа единствените кои возеа на меката смеша на Пирели, пред тие на Мерцедес АМГ со супер-меките гуми.
Q2
На почетокот од сесијата, најбрзиот круг го имаше Кими Раиконен, кој подоцна беше надминат од Хамилтон, па Ветел. Во зоната за испаѓање на пет минути до крајот беа Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг, Кевин Магнусен и Маркус Ериксон. Разбирливо 15-тата позиција беше резервирана за Џовинаци, кој тешко го оштети својот болид, а механичарите на Заубер ќе имаат напорна работа да го подготват за утрешната трка.
При вторите брзи круга, Нико Хулкенберг имаше најголем напредок, кога од П12 стигна до П6. Тој заврши пред Маса, Перез, Квјат и одличното десетто најбрзо време за дебитантот Ленс Строл. Елиминирани во оваа фаза беа Карлос Саинц ЈР. на П11, Магнусен, Алонсо, Ериксон и Џовинаци.
На врвот од поредокот, возачите на Ферари се одлучија и за втор брз круг, додека тие на Мерцедес АМГ и Рикиардо останаа во своите гаражи. Кими Раиконен го забележа најбрзиот круг, со две десетинки пред Ветел, кој не го подобри своето време.
Q3
Откако доминираа на првите две сесии повеќето фанови очекува дека Ферари е најсериозниот кандидат за Пол позицијата. Сепак, тоа траеше до првите брзи круга кога се покажа дека болидите на сребрените стрели не го користеле својот целосен потенцијал, па Луис Хамилтон, лесно стигна до најбрзото време, со две дестинки предност пред Ферарито на Ветел. Ботас беше трет, со нешто под половина секунда предност пред Раиконен и Рикиардо.
За вториот дуел први излегоа Мерцедесите, па Хамилтон повторно со подобрување на неговото најбрзо време, додека Ботас се искачи на втората позиција со 0.186 секунди заостанување. Следуваа возачите на Ферари како единствени способни за нешто повеќе, но Кими Раиконен не можеше да забележи време ни приближно брзо на сребрените стрели, додека Ветел со извонреден круг успеа да биде за 0.001 дел од секундата побрз од Ботас за П2 на гридот. Рикиардо остана на петтата позиција пред Маса, Хулкенберг, Перез, Квјат и Строл.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.678
2. Себастијан Ветел Ферари 1:31.864 + 0.186
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:31.865 + 0.187
4. Кими Раиконен Ферари 1:32.140 + 0.462
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:33.033 + 1.355
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.507 + 1.829
7. Нико Хулкенберг Рено 1:33.580 + 1.902
8. Серџо Перез Форс Индија 1:33.706 + 2.028
9. Данил Квјат Торо Росо 1:33.719 + 2.041
10. Ленс Строл Вилијамс 1:34.220 + 2.542
Q2 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:32.181
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:34.150 + 1.969
12. Кевин Магнусен Хас 1:34.164 + 1.983
13. Фернандо Алонсо Мекларен 1:34.372 + 2.191
14. Маркус Ериксон Заубер 1:35.043 + 2.865
15. Антонио Џовинаци Заубер не пост. време
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:33.078
16. Штофел Вандорн Мекларен 1:35.023 + 1.945
17. Роман Грожан Хас 1:35.223 + 2.145
18. Џолион Палмер Рено 1:35.279 + 2.201
19. Макс Фестапен Ред Бул 1:35.433 + 2.355
20. Естебан Окон Форс Индија 1:35.496 + 2.418
* Грожан и Палмер со казна 5 места поназад...
107% време: 1:39.593
2014 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:53.860 (Д)
2015 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:35.782
2016 Нико Розберг, Мерцедес АМГ, 1:35.402
2017 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:31.678
Антонио Џовинаци, мала грешка, големи последици...








