Се ова може да донесе многу непредвидливи и интересни ситуации во текот на утрешниот ден. Кога сме на оваа тема, да кажеме дека тимските шефови во 12 часот по наше време ќе се сретнат со Чарли Вајтинг и стјуардите за одредени промените во временскиот распоредот на Кинеското ГП.
Веднаш на почетокот од првиот тренинг беше истакнато црвено знаме кое беше во сила нешто повеќе од 45 минути. Кога беше дадено зелено светло, повеќе возачи се упатија на патеката, а во услови на влажен асфалт најбрз беше, кој друг ако не, Макс Ферстапен.
Но, само малку подоцна сесија беше повторно стопирана, овој пат поради временските услови во центарот на Шангај, местото каде што треба да слета медицинскиот хеликоптер. Непосредно пред прекинот Нико Хулкенберг се изврте при третиот свиок и го заглави својот болид во чакалот. Свои моменти на патеката имаа и возачите на Хас.
2017 КИНА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Макс Ферстапен Ред Бул 1:50.491 4
2. Фелипе Маса Вилијамс 1:52.086 + 1.595 7
3. Ленс Строл Вилијамс 1:52.507 + 2.016 7
4. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:52.840 + 2.349 5
5. Роман Грожан Хас 1:53.039 + 2.548 6
6. Данил Квјат Торо Росо 1:53.314 + 2.823 4
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:53.520 + 3.029 5
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:54.038 + 3.547 7
9. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:54.664 + 4.173 4
10. Кевин Магнусен Хас 1:55.104 + 4.613 8
11. Нико Хулкенберг Рено 1:55.608 + 5.117 6
12. Штофел Вандорн Мекларен 1:57.445 + 6.954 4
13. Маркус Ериксон Заубер 2:15.138 + 24.647 4
14. Антонио Џовинаци Заубер 2:15.281 + 24.790 4
15. Џолион Палмер Рено 3
16. Себастијан Ветел Ферари 2
17. Кими Раиконен Ферари 1
18. Естебан Окон Форс Индија 2
19. Серџо Перез Форс Индија 3
20. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2
2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:39.783
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.033
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:38.037
2017 Макс Ферапен - Ред Бул - 1:50.491
2017 КИНА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
НЕ СЕ ОДРЖА...
МЕД. ХЕЛИКОПТЕР НЕ МОЖЕЛ ДА ЛЕТА ПО МАГЛИВО ВРЕМЕ
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.315
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.219
2016 Кими Раиконен - Ферари - 1:36.896
2017 не се одржа поради магла








