Д-р Хелмут Марко, советник во тимот на Ред Бул, верува дека неговиот поранешен миленик, Себастијан Ветел, по летната пауза ќе се врати посилен и ќе ја освои шампионската титула. Во првиот дел од 2017 сезоната, Германецот забележа четири Победи и има предност од 14 поени во однос на Луис Хамилтон од Мерцедес АМГ.
"Верувам во Ветел, бидејќи ја знам неговата ментална сила, која во комбинација со значително подобрите перфоманси на Ферари ќе му ја донесе Титулата. Ферари беше најсилниот болид во првиот дел од сезоната, но поради разни околности не можеше да ја материјализира својата предност. Себ ќе ја искористи оваа летна пауза и ќе се врати уште посилен. Тоа е неговиот начин, кој го познавам."
"Што се однесува до Ред Бул, третото место не е добар резултат, но тоа е најдобро што можеме со користење на третата по моќ ПЕ на Рено. Мислам дека инженерите на Рено не ги постигнаа целите што си ги поставија, тие работат напорно, но нити останатите не застануваат во својот развој. Основниот концепт на нашиот болид е истиот, но, ја променивме насоката на еволуција и тоа дава добри резултати. Мислам дека сме неколку десетинки побрзи од почетокот на сезоната."
ХЕЛМУТ МАРКО: РЕД БУЛ ДОБРО НАПРЕДУВА, ВЕТЕЛ ЌЕ ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА
8/17/2017 07:19:00 PM
0
Share to other apps

