Кими Раиконен има само два поени повеќе од истиот период од 2016 сезоната, но, тој верува дека поради околностите и лошата среќа збирот не ја одразува неговата форма и брзина.
"Лично, не сум среќен со резултатите. Сакам да победувам на трките, сакам да бидам на врвот постојано, но, оваа година тоа не беше премногу често. Останува да возам мудро, имам брзина, па не сум загрижен од таа страна. Се работи за правилно сложување на коцките од мозаикот."
Од Ферари се надеваат на Раиконен и Ветел, за следната сезона. Раиконен е воздржан за својата иднина, но рече дека му кажал на тимот кои се неговите желби.
"Не сум многу среќен каде завршивме, имајќи ги предвид сите трки досега, но тоа е она што го имаме и не можеме да го промениме. Дали е тоа доволно за она што ќе се случува во иднина? Не знам, ќе видиме во одреден момент. Тимот знае што сакам. На крајот, на нив е да изберат што е најдобро за нив."
"Мојата единствена цел е да победувам, тоа е единствената причина што сум тука, а не нешто друго. Не сум во овој спорт само за да бидам дел од него, тоа е комплетно друга приказна. Не е секогаш забавно, кога работите не одат во посакуваната насока, но тоа е што е, зависиме од многу работи. Брзината ја имаме, но тоа не е доволно, ако останатите работи не одат како што се надевате."
КИМИ: ИМАМ БРЗИНА ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМ НА НАЈВИСКО НИВО
8/11/2017 12:12:00 PM
0
Tags
Share to other apps



