Деведесет и осум круга зад воланот на SF70H на усвитениот Хунгароринг и најбрзо време на денот, 1:17.746, на меките гуми на Пирели. Но, за Чарлс Леклерк, член на Академијата за возачи на Ферари и актуелен лидер на Ф2 шампионатот, штоперицата не беше најважниот аспект на денот.
"Возењето на Ферари Ф1 болидот никогаш не е "нормално" искуство, искоментира 19-годишниот возач од кнежеството Монако. Се чувствував како прв пат да возам тркачки автомобил. Дадена ми е голема чест и сум благодарен на Ферари за оваа можност. Јас сум задоволен од работата што ја направив, а се надевам исто така и тимот."
"Возењето на SF70H беше фантастично чувство, тоа е целосно нов свет, за ралика од Ф2 од секоја гледна точка. Ова ми беше прв пат да возам Ф1 болид со пошироките гуми и ова ниво на аеродинамична сила и тоа беше неверојатно чувство."
"Исто така, научив многу од работата во гаражата. Ферари ги има најдобрите инженери во светот и се чувствував многу удобно да работам со нив."
"Да се забележи најбрзото време е убаво, но, при тестирањето, неговата важност е релативна. Сега можам да одам среќен на одмор, пред да се концентрирам на вториот дел од сезоната во Ф2 шампионатот. Формула 1 е само сон. Сè уште има работа пред мене и јас го знам тоа."
ЧАРЛС ЛЕКЛЕРК: "UN`ESPERIENZA FANTASTICA"
8/02/2017 12:00:00 AM
0
Share to other apps



