Полјакот комплетираше 142 круга, распоредени во 20 стинта, со најдобро време од 1:18.572, и заостанување од 1.448 секунди зад тоа на Себастијан Ветел. По завршувањето на утринскиот дел од сесијата со седмото најбрзо време, 32-годишниот Кубица, попладневниот дел го започна со серија од кратки стинтови.
Поголемиот дел од нив беа на супер-меки гуми, но тој комплетираше три круга на ултра-меката смеша на Пирели, што му овозможи да се искачи на четвртото место на табелата. Неговиот вкупен биланс на комплетирани круга значеше дека тој поминал растојание еквивалентно на две Унгарски ГП-ја во текот на осумчасовното тестирање.
"Тоа беше фантастично чувство, да бидам зад воланот на RS17, но, исто така, беше неверојатно да се видат толку многу фанови кои дојдоа да ме бодрат, им благодарам на сите. Тоа беше неверојатно патување до оваа точка, каде што си одговорив на многу прашања за себе."
"Научив многу за најновата генерација на Ф1 болидите, бидејќи постојат разумни разлики меѓу нив и Ф1 болидите што ги возев во минатото. По денешниот тест, премногу е рано да се каже што може да биде следниот чекор. За сега, им благодарам на сите во Рено за овозможија да се случи овој тест."
Враќањето на Роберт Кубица на денешното тестирање на Хунгароринг, беше вистински емотивен момент за сите нас, а особено за неверојатната група на негови фанови кои го скандираа неговото име во текот на целиот ден.
Но, што значеше овој тест, за што се работеше денес? Дали тоа беше само еден голем маркетиншки трик на Рено за зголемување на нивната популарност. Ракување на сите страни, интервјуа, неверојатен публицитет и на крај беше забавно додека траеше.
Или, тоа беше сериозен чекор на Кубица кон Формула 1. Од неговите времиња, ние што не сме дел од тимот на Рено, не можеме да прочитаме премногу, освен да кажеме дека тој заврши пристојна работа.
Она што не го знаеме, а го знаат само Кубица, инженерскиот тим на Рено и нивните телеметриски податоци, е дали тој е навистина способен да се врати и да се трка во Ф1 Шампионатот.
Дали ограничувањата во подвижноста на неговата десна рака имаат фундаментално влијание врз неговата брзина или врз управувањето на болидот. Може ли да ги направи сите промени кои ќе се побараат од него, во ера кога воланот има премногу копчиња?
На крај, дали неговото тело е подготвено да се справи со овие стресови? Роберт Кубица треба да се докажува повеќе од било кој друг. Но, ако некој заслужува кам-бек на голема врата, тоа е тој.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТЕСТ ДЕН
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.124 | / (40) |
| 2 | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.385 | + 0.261 (91) |
| 3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:17.842 | + 0.718 (60) |
| 4 | Роберт Кубица | Рено | 1:18.572 | + 1.448 (142) |
| 5 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:18.850 | + 1.726 (68) |
| 6 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:19.116 | + 1.992 (54) |
| 7 | Лукас Ојер | Форс Индија | 1:19.242 | + 2.118 (49) |
| 8 | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | 1:19.391 | + 2.267 (90) |
| 9 | Никита Мазепин | Форс Индија | 1:19.692 | + 2.568 (48) |
| 10 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:20.337 | + 3.215(107) |
| 11 | Лука Чиото | Вилијамс | 1:20.414 | + 3.290 (161) |
| 12 | Сантино Феруци | Хас | 1:20.994 | + 3.870(116) |
| 13 | Нобухару Матсушита | Заубер | 1:21.998 | + 4.874 (121) |











