Макс Ферстапен, младиот возачот на Ред Бул, во изјавата за медиумите по завршувањето на денешните квалификации признава дека е супер изнервиран што не ја забележа својата Прва Пол Позиција во својата Формула 1 кариера. Тој беше секунди оддалечен од неа, но мораше да се задоволи со втората позиција и првиот стартен ред во Мексико Сити. Холанѓанецот беше тесно победен од Ферарито на Себастијан Ветел за само 0.086 делови од секундата.
"Јас сум многу изнервиран. Секогаш се трудам да ја освојам Пол позицијата, а после Q2 сесијата таа изгледаше доста реално. Сепак, во Q3 сесијата не можев да ги "натерам" гумите на Пирели да работат како треба и не можев да забележам побрзо време. Оваа патека е навистина лизгава. Предните гуми не работеа, имав мало пролизгување, а на оваа патека треба брзо да свртиш во бавните свиоци."
"Втората позиција е добра, но, по Q2 сесијата се надевав на повеќе. Јас дадов се од себе, но, денес тоа не беше доволно. Навистина сакав да бидам на Пол позицијата, но стартот од првиот ред не е така лош пласман."
Сол на рана можеше да биде дополнителната казна поради истражуваното негово попречување на Валтери Ботас кога Финецот беше на својот прв брз круг во Q3 сесијата. Но, сепак стјуардите немаа сили и аргументи да го казнат, па тој ја задржува втората стартна позиција за утрешната трка. Холанѓанецот се огласи и по тој повод.
"Може да има истрага, но за мене немаше инцидент".
ФЕРСТАПЕН МНОГУ ИЗНЕРВИРАН ПО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
10/28/2017 10:47:00 PM
0
Share to other apps



