- Сите смеши се за еден степен помеки од оваа година, што во теорија ги прави едни од најбрзите гуми во историјата на Формула 1;
- Сосема новa смеша за 2018 година е таа која се наоѓа под ултра-меката, што значи таа е уште помека и е наречена хипер-мека. Таа е обоена розево и е најмеката Ф1 гума која што Пирели ја има произведено. Оваа нова смеша ќе биде погодна за патеки каде што е потребен максимален механички грип, како што е Монако;
- Исто така, нова смеша за 2018 година е тврдата, која сега ќе биде обоена во сино;
- Друга новост е именувањето на надмоќната, портокалова, сега наречена супер-тврда смеша како симбол на најтврда гума во 2018 палетата на Пирели;
- Севкупно, сега ќе има седум смеши за суво време, кои заедно со новите интермедиа и гумите за целосно влажна патека, прават избор од девет светло-обоени гуми на Пирели;
- Смешите и конструкцијата за секоја гума се редизајнирани;
- Новите 2018 гуми ќе имаат и нови работни опсези низ целата палета, што ќе овозможи номинации за гуми кои се поспецифични за секоја патека од календарот за следната година. За Пирели и Тимовите, ова значи дека ќе може да имаат поголема флексибилност и варијации во изборот на гуми, што ќе доведе до дополнителни можности кога станува збор за формулирање на нивните тркачки стратегии;
- Новата розева гума тимовите за прв пат ќе ја тестираат за само пет дена на тест сесијата по завршувањето на ГН на Абу Даби.


