Викендот што следува ќе го означи крајот на 2017 Шампионатот во Формула 1 со трката за Големата Награда на Абу Даби. Јас Марина е модерна патека која го има најдолгиот рамен дел во календарот, каде се развиваат брзини над 330 км/ч пред наглото сопирање за лево-десната шикана. Тоа е местото каде се случуваат повеќето претекнувања. Објектите се извонредни, а тимовите и нивните гости имаат огромни простории на располагање.
Со својата футуристичка архитектура и тркање на зајдисонце, Абу Даби ГП личи на трка од иднината. Со просечна брзина од речиси 200км/ч , патеката се состои од "улична" секција, пристанишен дел и сектор каде се вози со голема брзина. На средината на патеката е Jас Марина хотелот, архитектонско чудо, камелеон кој ја менува својата боја. Подземниот излез од боксовите е тесен и лизгав, и лесно може да предизвика застој.
Свиок 7
Овој свиок е најспор на патеката. Моторното кочење треба да биде особено ефективно за болидот да има стабилност при влезот, и подеднакво добро реагирање на педалата од гаста при излезот кој води кон најдолгиот правец. И најмалата грешка ќе доведе до значителна загуба на време.
Правецот помеѓу свиоците 7 и 8
Околу 55% од патеката се поминува со полн гас, со просечна брзина од околу 200км/ч , слично на патеката во Монтреал. Најдолгиот правец во сезоната има 1.200 метри помеѓу свиоците 7 и 8. Болидите ќе бидат со полн гас околу 14 секунди, достигнувајќи брзина од над 330км/ч .
Калибрацијата на брзините е од суштинско значење, последниот степен на пренос мора да биде поставен релативно високо за да се овозможи конкурентност на крајот од правецот со активен ДРС. Сепак, свиоците во третиот сектор бараат брзините да бидат блиску распоредени за да се постигнат потребните кратки рафални забрзувања помеѓу острите свиоци, така да инженерите ќе бидат принудени да го направат вистинскиот избор на соодносот на менувачот.
Свиок 21
Во третиот дел на патеката од свиокот 11 па се до финалниот свиок со број 21 доминираат главно десни свиоци кои се земаат во втор или трет степен на пренос. Свиокот 21 е добар пример на еден типичен свиок во овој сектор. Просечната брзина е ниска, само 160км/ч, а управливоста на болидот треба да е на највисоко ниво, бидејќи десетинки од секунда може да се добијат ако тој е "прикован" на патеката во овие бавни свиоци.
Пирели ги носи своите три најмеки смеши на Јас Марина, каде асфалтот е релативно мазен и нежен кон гумите. Минатата година првите тројца имаа две застанувања во бокс, додека Макс Ферстапен заврши на четвртото место со стратегија од еден пит-стоп.
Титулите во двата шампионати се одлучени, па нашето внимание ќе го насочиме кон помалку важните работи, како би ни била поинтересна трката за следење. Во шампионатот на возачи, може да се каже дека, барем теоретски, во игра е второто место, а Себастијан Ветел има 22 поени предност пред Валтери Ботас.
Понеизвесно би било четвртото место, на кое Даниел Рикиардо има седум поени предост во однос на Кими Раиконен. На долниот дел од табелата, Маркус Ериксон, Пјер Гасли и Брендон Хартли ќе сакаат да ги забележат своите први поени во сезоната.
Од многубројните второ-класни борби што треба да се решаваат овој викенд, како најинтересни помеѓу тимски колеги се оние во Вилијамс, со два поени разлика меѓу Маса(42) и Строл(40), и во Мекларен, Алонсо(15) и Вандорн(13), исто така, разлика од два поени. Тимски колеги со најголема разлика во поени се Ветел и Раиконен, разделени со 102 поени.
Во Шампионатот на конструкторите, главната борба е на средината од табелата, за шесто, седмо и осмо место. Торо Росо во моментов води во таа борба со 53 поени, пред Рено со 49 и Хаас со 47 поени.
Ф1 ФИНАЛЕ - ЗАВРШНИЦА НА 2017 СЕЗОНАТА НА ЈАС МАРИНА
11/23/2017 12:25:00 PM
0
Share to other apps









