Себастијан Ветел и Даниел Рикиардо го имаа второто и третото најбрзо време и беа единствените возачи кои успеаа да се доближат до Британецот. Разделени беа во три десетинки од секундата. Како одредени конкуренти за Пол позицијата не смееме да ги отпишеме и Кими Раиконен, Валтери Ботас и Макс Ферстапен.
Следуваа возачите на Форс Индија, со Серџо Перез за 0,010 делови од секундата пред Естебан Окон. При крајот на сесијата Нико Хулкенберг успеа да биде подобар од Фернандо Алонсо и Фелипе Маса за пласман во најбрзите 10 возачи.
Дали Хамилтон ќе стигне до својата 12-та Пол позиција сезонава или пак Ферари или Ред Бул ќе ја завршат во голем стил ќе дознаеме на утрешните квалификации кои започнуваат во 14:00 часот по македонско време.
2017 АБУ ДАБИ ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.877 39
2. Себастијан Ветел Ферари 1:38.026 + 0.149 37
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:38.180 + 0.303 34
4. Кими Раиконен Ферари 1:38.352 + 0.475 35
5. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:38.537 + 0.660 33
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:38.894 + 1.017 34
7. Серџо Перез Форс Индија 1:39.323 + 1.446 33
8. Естебан Окон Форс Индија 1:39.333 + 1.456 36
9. Нико Хулкенберг Рено 1:39.529 + 1.652 41
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:39.559 + 1.682 28
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:39.635 + 1.758 36
12. Штофел Вандорн Мекларен 1:39.671 + 1.794 31
13. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:40.201 + 2.324 38
14. Ленс Строл Вилијамс 1:40.329 + 2.452 30
15. Пјер Гасли Торо Росо 1:40.694 + 2.817 39
16. Кевин Магнусен Хас 1:41.128 + 3.251 31
17. Паскал Верлајн Заубер 1:41.270 + 3.393 43
18. Маркус Ериксон Заубер 1:41.302 + 3.425 40
19. Бренадон Хартли Торо Росо 1:41.496 + 3.619 39
20. Роман Грожан Хас 1:41.560 + 3.683 12
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:42.115
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:41.983
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:40.861
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.877



