Најбрзото време во Q1 го имаше Валтери Ботас, додека на долниот крај од табелата, во зоната за отпаѓање пред финалните кругови беа Ленс Строл на П16, а потоа следеа Паскал Верлајн, Маркус Ериксон, Пјер Гасли и Брендон Хартли.
Од сите нив, само Строл успеа да го избегне испаѓањето, исфрлајќи го од игра Роман Грожан од тимот на Хас. Гасли успеа да се подобри, но само за 17-тата позиција пред Верлајн, Ериксон и Хартли.
Во вториот дел, Q2, Луис Хамилтон го имаше најбрзиот круг, нешто побрз од тимскиот колега, Валтери Ботас, додека најинтересниот момент на сесијата беше последниот брз круг на Фелипе Маса. Тој му го донесе 10-тото место на табелата и пласман во Q3 сесијата. Бразилецот беше за само седум стотинки побрз од Фернандо Алонсо, кој беше елиминиран на 11-тата позиција, пред Саинц ЈР., Вандоен, Магнусен и Строл.
Со почетокот на Q3 сесијата, веќе беше јасно дека возачите на Мерцедес АМГ нема да имаат конкуренција за Пол позицијата. Но, кога сите очекуваат Шампионот да забележи лесен пласман на првата позиција, Валтери Ботас го "извади" максимумот од себеси и неговиот болид за да го забележи најбрзото време.
Луис Хамилтон не успеа да го побрз ниту во првиот, нити во финалниот брз круг, па така Финецот ја забележа својата четврта Пол позиција во кариерата и 2017 сезоната.
Себастијан Ветел беше трет најбрз, повеќе од половина секунда зад Ботас. Даниел Рикиардо беше звездата на Ред Бул на овие квалификации, забележувајќи го најголемото подобрување во финалната сесија, кога од шестата позиција на табелата, успеа да се подобри за нешто повеќе од седум десетинки за да скокне на четвртото место.
Со тоа, Кими Раиконен мораше да се задоволи со петтата позиција пред Ферстапен, Хулкенберг, Перез, Окон и Фелипе Маса, кој на последните негови Ф1 квалификации успеа да биде 10-ти најбрз возач.
Големата Награда на Абу Даби стартува утре во 14:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:36.231
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:36.403 + 0.172
3. Себастијан Ветел Ферари 1:36.777 + 0.546
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:36.959 + 0.728
5. Кими Раиконен Ферари 1:36.985 + 0.754
6. Макс ферстапен Ред Бул 1:37.328 + 1.097
7. Нико Хулкенберг Рено 1:38.282 + 2.051
8. Серџо Перез Форс Индија 1:38.374 + 2.143
9. Естебан Окон Форс Индија 1:38.397 + 2.166
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:38.550 + 2.319
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:36.742
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:38.636 + 1.894
12. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:38.725 + 1.983
13. Штофел Вандорн Мекларен 1:38.808 + 2.066
14. Кевин Магнусен Хас 1:39.298 + 2.556
15. Ленс Строл Вилијамс 1:39.646 + 2.904
Q1 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:37.356
16. Роман Грожан Хас 1:39.516 + 2.160
17. Пјер Гасли Торо Росо 1:39.724 + 2.368
18. Паскал Верлајн Заубер 1:39.930 + 2.574
19. Маркус Ериксон Заубер 1:39.994 + 2.638
20. Брендон Хартли Торо Росо 1:40.471 + 3.115
107% време: 1:44.171
Последни моменти од Q3 сесијата...