Членовите на тимот на Заубер Ф1 го поминаа денешниот ден во Историскиот Музеј на Алфа Ромео, каде италијанскиот производител на автомобили официјално го прослави враќањето во Формула 1, по повеќе од 30 години отсуство од овој спорт.
Од следната година, тимот ќе влезе во шампионатот на Формула 1 како Алфа Ромео Заубер, со Маркус Ериксон и Чарлс Леклерк како возачка постава. Антонио Џовинаци, кој остана извисен, доби само шест тренинг сесии за 2018 година.
Маркус Ериксон, кој е во тимот од 2015 година, ќе влезе во својата четврта сезона, петта во Формула 1. Чарлс Леклерк, кој комплетираше четири тренинг сесии и два теста на Пирели, ќе му се придружи на Ериксон во својата прва сезона како Формула 1 возач.
Чарлс Леклерк: "Многу сум среќен што влегов во Формула 1 шампионатот за 2018 година. Прво и основно, би сакал да се заблагодарам на Ферари за нивната поддршка. Исто така би сакал да му се заблагодарам на Заубер за нивната доверба во мене како возач и со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот на Алфа Ромео Заубер за претстојната сезона. Јас веќе се чувствувам сигурно и пријатно во овој тим. Во 2018 година, мојата цел ќе биде да се здобијам со повеќе искуство во Формула 1 и да дадам колку што е можно поголема вредност на тимот за возврат."
Маркус Ериксон: "Прво, би сакал да му честитам на тимот за новото партнерство со Алфа Ромео. За мене ќе биде голема чест да се вози за овој тим во 2018 година, и јас сум возбуден и горд што сум дел од ова ветувачко патување. Убеден сум дека можам да додадам знаење и искуство на тимот. Оваа зима ќе биде многу напорна, и ќе биде важно да го развиеме болидот за да имаме добар почеток на сезоната. Јас сум оптимист, дека 2018 може да биде голем чекор и добра шанса за нас да се движиме нагоре на табелите во конструктори и возачи."
ОФИЦИЈАЛНО: КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА АЛФА РОМЕО ЗАУБЕР
12/02/2017 07:48:00 PM
0
Share to other apps