Од тимот на Заубер стигна и официјално соопштение во кое се вели дека постигнале повеќегодишен договор за техничко и комерцијално партнерство со Алфа Ромео. Италијанскиот производител на автомобили, кој е дел од Фиат-Крајслер групацијата, од следната сезона ќе се приклучи на овој тим како главен спонзор. Со тоа, Алфа Ромео се враќа во Формула 1 по повеќе од 30 години отсуство од овој спорт.
Партнерството, кое вклучува стратешка, комерцијална и технолошка соработка помеѓу Алфа Ромео и тимот на Заубер, ќе овозможи размена на инженерско и техничко знаење и ќе им овозможи нови можности на двете организации во Формула 1 и пошироко. Од 2018 година, тимот ќе биде познат како Алфа Ромео Заубер. 2018 Ф1 болидот ќе го носи логото на Алфа Ромео и ќе биде опремен со најновите 2018 ПЕ на Ферари.
Алфа Ромео учествуваше во Формула 1 од 1950 до 1988 година, како конструктор и снабдувач со мотори. Веќе во дебитантските години, 1950 и 1951 година, Алфа Ромео ги освои Шампинските Титули кај возачите со Нино Фарина и Хуан-Мануел Фанџо. Од 1961 до 1979 година, Алфа Ромео учествуваше како снабдувач со мотори на неколку Ф1 тимови. По враќањето во 1979 година како конструктор, Алфа Ромео имаше најдобар пласман со 6-тото место во конструктори во 1983 година. Компанијата се повлече од Формула 1 во 1985 година, враќајќи се како главен спонзор на тимот на Заубер по 30-годишно отсуство.
ОФИЦИЈАЛНО: АЛФА РОМЕО ВЛЕГУВА ВО ФОРМУЛА 1
11/29/2017 08:00:00 PM
0
Share to other apps