![]() |
| Многу работи ќе зависат и од Себастијан Ветел и неговата ментална сила |
Еден од поверодостојните извори е Италијанецот Лео Турини, чиј блог се смета како неофицијална прес служба на Ферари.
Изминатите неколку дена тој објави неколку постови за кои заедничко нешто би било дека теоријата е убава работа, но, се треба да се докаже и во пракса.
Во Маранело се вложуваат големи напори во "ослабување" на 2017 Ферари ПЕ, бидејќи се верува дека една од предностите на Мерцедес АМГ доаѓаат од помалата тежина на целокупниот пакет на нивната ПЕ, особено ЕРС-системот.
Во теорија поставените цели биле успешно достигнати.
Динамометарот покажал 1000 КС, како максимална моќ на 2018 ПЕ. Ова решение е истото она за кое во Ферари мислеа дека го имаат на располагање на крајот од минатото лето. Праксата покажа дека тоа не беше точно.
Кога сме кај аеродинамиката, податоците од воздушниот тунел укажуваат на значаен исчекор напред, но и тука, теоријата е едно, праксата сосема друго.
Се подразбира, се ќе биде појасно по првата пред-сезонска тест сесија во Барселона, а патеката Каталуња е местото каде што теоријата треба да биде позитивно потврдена во пракса.
Добро е да сонуваш, но, се може да се распадне во секунда. Потврда за ова е Македонската Ракометна Репрезентација!!!
Од друга страна, Мерцедес АМГ веќе ја има достигнато магичната граница од 1000 КС и сите во тимот се оптимисти дека Титулите ќе претстојуваат во нивните кабинети уште една година.
Преовладува мислењето дека Италијанците имааа голема шанса во изминатата сезона и тие ја прокоцкаа.
Сега, предноста повторно е кај Сребрените Стрели. Горивото и маслата, издржливоста, поголемата моќ, кај сите овие категории во Маранело остануваат чекор подолу.
Остатокот, објаснуваат тие, ќе го надополни менталната сила на Хамилтон, кој ќе биде уште помотивиран со помислата дека е единствениот возач кој може да ги победи седумте титули на Шуми.
На крај, да споменеме дека Лоренцо Саси, отпуштениот главен инженер на Ферари, најверојатно ќе премине во редовите на Шампионскиот тим, секако, после задолжителниот период на отсуство од Формула 1.
Значи, покрај Џејмс Алисон во Мерцедес АМГ ќе биде ангажиран уште еден член на тимот од Маранело кој имал голема функција. Се поставува прашањето дали во Маранело имаат право да сонуваат?!?

