Ако имаше било какви сомневања дека ДАКАР релито е најтешкиот тест во календарот на светскиот мотоспорт, тогаш тие беа елиминирани веќе по првите шест дена низ непристапните пространства на Јужна Америка. Многумина од најпознатите натпреварувачи за 2018 година, не можеа да ги победат перуанските песочни дини, додека останатите мораа да копаат длабоко во песокот за да ги задржат шансите за победа. Ви ги пренесуваме 5-те клучни моменти, пред селењето на карванот во Боливија и Аргентина, каде што на 20-ти јануари е финишот на ова исцрпувачко рели.
МЕНЗИС ВЕТУВА КАМ-БЕК ЗА 2019 И ПОКРАЈ НЕГОВИОТ НЕУСПЕХ
Брус Мензис е познат натпреварувач во светот на камионските трки во САД, но, релито ДАКАР е целосно друга приказна. По неколкуте супериорно освоени шампионати на домашна почва, Американецот од Аризона му пристапи на своето прво ДАКАР рели со цврста определба да излезе како победник зад воланот на својот мини-автомобил.
За жал, веќе на вториот ден го заврши својот настап, кога една мала испакнатина во песокот го спречи да се натпреварува. Четвртото место на првиот ден, сепак, покажува дека го има она што е потребно за да се обиде повторно во 2019 година.
ДВАЈЦА ТОП КОНКУРЕНТИ ВО АУТ
Двајца натпреварувачи од кои се очекуваше да бидат сериозни конкуренти за Победничките пехари, Сем Сандерленд во конкуренција на моторцикли и Себастијан Леб во конкуренција на автомобили, исто така, се веќе надвор од конкуренција. Французинот траеше подолго од Британецот, но, двајцата се нервозни од околностите што го предизвикуваа нивниот излез.
Водејќи ја трката за време на четвртиот ден, Сандерленд имал сериозна болка во грбот при слетувањето по скокот од една од многуте песочни дини.
За деветкратниот WRC шампион Леб, крајот беше уште потешко прифатлив, бидејќи ова се сметаше за негова последна шанса за Победа на ДАКАР релито. По 4-тата етапа тој се наоѓаше на втората позиција во категоријата на автомобили, но, на петтата успеа да се заглави во дупка додека се обидуваше да избегне автомобил заглавен на сртот на песочна дина.
НИКОЛАЕВ ФОРСИРА И КОГА НЕ Е ПОТРЕБНО
Рускиот натпреварувач, Едвард Николаев, кој настапува за тимот на КАМАЗ, навигацијата низ песочните дини ја има усовршено до максимум. Тој се натпреварува на ова рели уште од 2006 година и има две победи зад неговото име.
По бавниот старт во првата фаза, 33-годишниот Русин почна да забрзува веќе на вториот ден, па пред почетокот на 5-тата етапа имаше убедлива предност од 36 минути и 55 секунди пред Аргентинецот, Федерико Вилагра.
Кога сите очекуваа уште една лесна етапна победа, тој ги уплаши неговите фанови, кога успеа да го преврти својот камионот помеѓу Сан Хуан де Маркона и Арекипа, но, тој и неговиот тим успеаја да го вратат на четири тркала и при тоа го зголеми водството на неверојатни 58 минути и 5 секунди.
БРИЛИЈАНТНИОТ ПЕТЕРХАНСЕЛ ПОВТОРНО НА ВРВОТ
Стефан Петерхансел, кој има неверојатни 13 Победи на ДАКАР релито на две и четири тркала, го има потребаното искуство и точно знае кога е потребно да се нападне, а кога да се вози смирен, за да се осигура победата.
52-годишниот Французин се пресели на втората позиција по вториот ден, а потоа и на врвот од табелата по третата етапа, додека Насер Ал-Атија се мачеше со неговата Тојота. Со оглед на тоа што Леб победи на четвртата етапа, Петерхансел знаеше дека петтата и шеста етапа се клучни за неговите шанси.
Тој возеше извонредно од Сан Хуан де Маркона до Арекипа за да направи половина час предност пред Карлос Саинц, а потоа беше втор на 6-тата етапа, но, го задржа водството во вкупниот пласман. Сепак, не е се готово, особено што ветераните на ДАКАР, Ал-Атија и Деспе, се сеуште во игра.
АНДРЕ ВИЛАШ-БОАШ СЕ ОБИДЕ ВО МОТОСПОРТОТ
Андре Вилаш-Боаш, познатиот фудбалскиот менаџер и поранешен шеф на Челзи и Тотенхем, пред само неколку месеци ја започна неговата кариера во мотоспортот, откако во јуни минатата година ја напушти својата позиција тренер на ФК Шангај од Кина.
Покрај тоа што тој придонесе за поголема промоција на ова рели, португалецот успеа да трае подолго отколку што многу аналитичари му предвидуваа на неговото деби.
Тој го ангажираше второпласираниот во категоријата на моторцикли во 2013 година, Рубен Фарија, како свој совозач за неговиот прв обид со автомобилот на Тојота за 40-тото издание на трката, неколку месеци по својот 40-ти роденден.
По завршување на третата етапа беше на 41-то место пред да заврши трката на една од многубројните песочни дина на четвртата етапа. За среќа, генијалниот Португалец по немилиот инцидент со својот автомобил мина само со лесни повреди.
ДАКАР 2018 - КЛУЧНИ МОМЕНТИ ОД ПРВАТА НЕДЕЛА
1/14/2018 02:37:00 PM
0
Share to other apps