По постигнувањето на договор помеѓу Фернандо Алонсо и Тојота мотоспорт, од Мекларен официјално потврдија дека ќе му дозволат на Шпанецот да се натпреварува на претстојните рунди од Светскиот Шампионат за издржливост (WEC), во чиј склоп е трката 24 часа Ле Ман.
Мекларен и Алонсо целосно се согласуваат дека Формула 1 останува врвен приоритет и тој ќе учествува на сите Ф1 трки од 2018 сезоната. Неговите обрски кон WEC ќе ги усогласи во согласност со Ф1 календарот. Како резултат на тоа, тој нема да настапи на WEC трката која се вози во Јапонија, на 21 октомври, поради тоа што таа се поклопува со Големата Награда на САД.
Фернандо Алонсо рече: "Никогаш не сум криел дека една од моите неостварени цели е тројната круна на мотоспортот, Монако ГП, ИНДИ500 и 24 часа Ле Ман. Минатата година се обидовме во Инди500, бевме блиску, но, не успеавме. Оваа година, благодарение на Мекларен јас ќе имам шанса да се натпреварувам за победата во Ле Ман. Тоа е голем предизвик, но јас сум подготвен и со нетрпение ја очекувам таа битка."
"Мојот договор да се натпреварувам во WEC беше овозможен само преку доброто разбирање и силната врска со Мекларен и јас сум многу среќен што тие ме ислушаа и разбраа што тоа значи за мене. Секако, овој предизвик нема да биде мојата главна цел, туку тоа се Формула 1 трките со Мекларен. Во 2018 година, мојата цел е да бидам конкурентен на секоја трка, и јас сум сигурен дека сме близу до тоа."
Зак Браун, вели: "Не е тајна дека Фернандо сака да го освои Ле Ман. Со дозволата да се натпреварува во WEC ние во Мекларен сметаме дека ќе имаме помотивиран, гладен за успеси и среќен врвен возач, каков што е Фернандо. Сепак, и обајцата знаеме дека, во 2018 година, нашиот главен приоритет е успехот во Формула 1."
АЛОНСО ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА ТОЈОТА РЕЈСИНГ
1/30/2018 02:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps