Формула 1®, врвот на мотоспортот, заедно со ФИА, денес објавија ново партнерство, наречено Grid Kids, со цел церемонијата пред трка да стане порелевантна и поинтересна за фановите, особено помладите генерации од нив.
Оваа иницијатива ги вклучува локалните организатори и промотери на трките, кои заедно со националните спортски организации, кои се признати од ФИА, ќе им обезбедат единствена можност на младите и нивните семејства да бидат дел од најексклузивните и највозбудливи моменти во текот на целиот тркачки викенд.
Младите ќе бидат избрани од нивните мотоспорт клубови или по пат на лотарија и веќе се натпреваруваат во картинг или јуниор сериите на Формула. Избраните деца ќе можат да ги придружуваат и да стојат заедно со 20-те најдобри возачи во светот на гридот додека тие се подготвуваат за трката.
Грид децата ќе бидат избирани за секоја трка во Формула 1, и каде што е можно, исто така и за големите придружни серии како Ф2 и ГП3. Тие ќе бидат придружени од нивното потесно семејство, кое ќе има пристап до Ф1 падокот за време на трката во недела.
НОВА КАТЕГОРИЈА ВО ФОРМУЛА 1 - ГРИД ДЕЦА (GRID KIDS)
2/05/2018 10:00:00 PM
0
Tags
Share to other apps