Австралијанецот беше најбрз на медиум смешата на Пирели, а друга варијабла што е променета од минатата сезона е и новиот асфалт на патеката Каталуња, која беше реасфалтирана во Јануари. Тој беше за 0.178 секунди побрз од Мерцедесот на Валтери Ботас, кој, исто така беше на медиум смешата, додека Кими Раиконен на третото место за Ферари беше на меките гуми.
Ред Бул беше на врвот и по бројот на комплетирани круга, а Рикиардо беше единствениот возач кој ја надмина границата од 100 круга. Најблиску до него беше Брендон Хартли со Торо Росо кој комплетираше 93 круга без проблеми.
ДА, добро прочитавте Хонда ПЕ издржа цел ден без да се расипе. Добитна комбинација за Италијанците ?!? Споредено со 208-те круга за време на целата прва четиридневна тест сесија од минатата година, ова е добар чекор за Хонда.
Инженерите на Торо Росо изгледаа задоволни и од тоа каде се наоѓаат по прашање на перформансите во споредба со Рено. Тимот е речиси на истото место каде што беше и минатата сезона. Со оглед на проблемите што ги имаше Хонда, би рекле дека тие се победниците за денес. Ветувачки почеток за ова ново партнерство.
Мекларен повторно ја започна сезоната како најголем губитник на денот. По три години со Хонда, Мекларен сега се префрли на Рено ПЕ, но, и голем притисок врз тимот за да испорачаат резултати. Истата ПЕ во тимот на Ред Бул, плус кај фабричкиот тим на Рено, работи се подобро и подобро. Минатата година Хонда можеше да се обвини за сè, оваа година Мекларен ќе нема оправдувања.
Затоа најмалку им беше потребно она што им се случи на почетокот од сесијата, кога испадна задното десно тркало од Мекларенот, зад чиј волан беше Фернандо Алонсо. Повеќето присутни на патеката Каталуња сè уште не можат да си објаснат како тоа се случи, бидејќи дури и ако не било доволно затегнато, очекувате дека ќе излета многу пред комплетирани четири круга. Ако нешто се скрши, трите безбедносни сајли требаше да го задржат за самиот болид.
Сепак, не е се така црно за тимот на Мекларен, бидејќи тоа е еден од болидите кои најдобро "лепеле" за асфалтот, веднаш зад Ферари и Мерцедес АМГ.
Студеното време и дождот придонесоа за релативно малку попладневна акција и најбрзи времиња забележани во текот на предпладневната сесија.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ТЕСТ ДЕН
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:20.179 | / (Мe, 105) |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:20.349 | + 0.170 (Ме,58) |
| 3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:20.506 | + 0.327 (М,80) |
| 4 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:20.547 | + 0.368 (Мe,73) |
| 5 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:22.168 | + 1.989 (М,26) |
| 6 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:22.327 | + 2.148 (Ме,25) |
| 7 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:22.354 | + 2.175 (СМ,51) |
| 8 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:22.371 | + 2.192 (М,93) |
| 9 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:22.452 | + 2.273 (М,46) |
| 10 | Роман Грожан | Хас | 1:22.578 | + 2.399(М,55) |
| 11 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:23.408 | + 3.229 (М,63) |
| 12 | Никита Мазепин | Форс Индија | 1:25.628 | + 5.449 (Ме,22) |
| 13 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:44.148 | + 23.969 (М,28) |
ХМ - Хипермеки
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки Ме - Медиум
Т - Тврди СТ - Супертврди
М - Меки Ме - Медиум
Т - Тврди СТ - Супертврди
КАКО РЕФЕРЕНЦА, ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ОД МИНАТОГОДИШНАТА ПРВА ТЕСТ СЕСИЈАА
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:19.705 | / (УМ) |
| 2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:19.952 | + 0.247 (М) |
| 3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:20.872 | + 1.167 (М) |
| 4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.983 | + 1.278 (СМ) |
| 5 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:21.153 | + 1.448 (М) |
| 6 | Џолион Палмер | Рено | 1:21.369 | + 1.664 (М) |
| 7 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:21.769 | + 2.064 (М) |
| 8 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:21.791 | + 2.086 (М) |
| 9 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:21.824 | + 2.119 (СМ) |
| 10 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:22.076 | + 2.371 (Ме) |
| 11 | Роман Грожан | Хас | 1:22.118 | + 2.415 (СМ) |
| 12 | Кевин Магнусен | Хас | 1:22.204 | + 2.499 (СМ) |
| 13 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:22.351 | + 2.646 (М) |
| 14 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:22.401 | + 2.696 (УМ) |
| 15 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:22.509 | + 2.804 (СМ) |
| 16 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:22.534 | + 2.829 (СМ) |
| 17 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:22.576 | + 2.871 (УМ) |
| 18 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:22.598 | + 2.893 (УМ) |
| 19 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:22.956 | + 3.251 (М) |
| 20 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:23.540 | + 3.835 (Ме) |
| 21 | Алфонсо Селис | Форс Индија | 1:23.568 | + 3.863 (СМ) |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум






