Тимот на Алфа Ромео Заубер Ф1 го презентираше својот нов болид, C37, со кој ќе се обиде да напредува повеќе од последното место во Формула 1 шампионатот. C37 изгледа поразлично од минатогодишниот C36, што од една страна, се должи на новите технички прописи, а од друга страна, поради новиот технички пристап на тимот.
Со враќањето на Алфа Ромео се возобновува едно од најголемите имиња што се повлекоа од Формула 1 шампионатот. Во Ф1 се враќа и "Quadrifoglio", легендарното лого, кое се појави на врвните автомобили на Алфа Ромео во далечната 1923 година.
Фредерик Васер, Тимскиот шеф, вели: "Јас многу се радувам на 2018 сезоната, и да ги видам Маркус и Чарлс на асфалтот. Во последниве неколку месеци вложивме многу труд и напорна работа во C37, и фантастично е што денес имаме можност да го покажеме на јавноста. Убеден сум дека ја имаме совршената возачка комбинација, од еден искусен возач и еден ветувачки дебитант."
"Нашата цел за 2018 година е јасна: мора да ги достигнеме останатите тимови и да продолжиме да ги подобруваме нашите перформанси во текот на сезоната. Вложивме многу енергија и посветеност во развојот на C37. Сакам да им се заблагодарам на нашите партнери и фанови за нивната континуирана поддршка. Враќањето на Алфа Ромео во Формула 1 претставува уште една пресвртница во историјата на тимот и јас сум горд што овој историски бренд не избра нас за нивно враќање во спортот. Ние сме нестрпливи да ја започнеме новата сезона, како тим на Алфа Ромео Заубер."
Официјалното деби на асфалтот, C37, ќе го има на првата пред-сезонска тест сесија на патеката Каталуња во близина на Барселона од 26 Февруари до 1 Март 2018 година.
ЗАУБЕР C37 - КАМ-БЕК НА АЛФА РОМЕО
2/20/2018 01:08:00 PM
0
Share to other apps