Лео Турини, ветеран на италијанското новинарство, е познат по неговите добри неформални врски со многу луѓе кои работат во Маранело, па затоа неговите размислувања за одредени теми поврзани со Ферари заслужуваат посебно внимание. Овој викенд на неговиот блог се појави мал текст со наслов загатките на новиот болид на Ферари.
Тој заклучува: "Како што знаете, јас не сум инженер, но, за толкување на техничките информации, практикувам едноставен пристап: секогаш ги слушам мислењата на компетентни луѓе, вистински експерти. И после тоа, трпеливо чекам на Големата Награда на Австралија."
"Значи, по сумирање на мислењата на познати експерти (повторувам, јас сеуште немам мое мислење), можам да кажам дека болидот на Мерцедес АМГ на тест сесијата изгледаше импресивно, но во Маранело тоа и го очекуваа, особено по серијата набљудувања и заклучоци донесени на крајот од претходната сезона."
"Ова значи дека Мерцедес АМГ се уште е побрз од Ферари. Барем за сега. SF71H има огромен потенцијал, но, за време на првата тест сесија тимот имаше потешкотии да ги собере потребните информации. Кими Раиконен воопшто не можеше да работи на патеката во нормални услови, додека Себастијан Ветел не го криеше жалењето што не успеа да ги проучи карактеристиките на болидот со толку детали колку што сакаше."
"Природата на SF71H сè уште е мистерија, вклучително и поради тоа што податоците добиени на тестовите допрва треба да се дешифрираат, интерпретираат, разбираат. Неопходно е да се нагласи дека втората тест сесија ќе биде од исклучително значење, а после тоа тимот ќе мора да стори многу повеќе, да работи тивко и без паника."
ЛЕО ТУРИНИ ЗА НОВИОТ БОЛИД НА ФЕРАРИ
3/03/2018 09:15:00 PM
0
Share to other apps

